(ВИДЕО) Јаневски: Како градоначалник ќе ги користам средствата од европските фондови за градење на Струмица

Од:

Кандидатот за градоначалник на Струмица од СДСМ, Коста Јаневски денеска изјави дека ќе ги користи европските фондови за да ја гради Струмица и дека пречистителната станица, која е изградена со средства од ЕУ, е потврда за грижата кон животната средина и здравјето на граѓаните.

– Таа ќе ги третира отпадните води од градот, населените места Баница, Добрејци, Градско Балдовци, Сачево, Дабиле, Муртино, Просениково и индустриските зони кои гравитираат кон Струмица. Градена е по европски терк, рече Јаневски.

Тој додаде дека здравјето на граѓаните ќе биде негов приоритет и дека ќе обезбеди редовно и квалитетно водоснабдување за сите.

– Ќе ги зголемуваме зелените површини и ќе ја намалиме загаденоста преку проектот ЗЕЛЕНИ ЅИДОВИ И ПОКРИВИ ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ. Секој новоизграден зелен покрив на станбени куќи и згради ќе биде ослободен од надоместокот за комуналии. Ќе ги субвенционираме трошоците за изградба за енергетско ефикасни фасади на колективни станбени згради со најмногу 80 проценти од вредноста на инвестицијата со општински средства, вели Јаневски.

Тој вети дека ќе постави подземни контејнери во централното градско подрачје за селекција на отпадот и дека ќе го уреди Светиилијскиот и каналот Крушевска Република.

– Преку проектот Градски парк – срцето на Струмица ќе ги зголемиме зелените површини и хортикултурното уредување зад стариот објект на АТШ Берово. Ќе градиме и обезбедуваме здрав живот за сите во Струмица, рече Јаневски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: „Буџетот не е во најдобра состојба“ – оваа изјава на Божиновска е доказ дека фалат 2 милијарди евра

А1он

СДСМ: За да се впушти во борба против криминалот и корупцијата Мицкоски треба да се уапси самиот себе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија, кој ќе одговара за картелскиот скандал?

СДСМ: Скандал со повлекувањето на Кедев, дали Жан излезе со клевети за Филипче за да се спаси

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Платите на работниците треба да се покачат сега, а не за две години

Предраг Петровиќ

СДСМ: Затворањето на пост мониторингот не е успех на Мицкоски

А1он