(ВИДЕО) Јаневска: Со владина одлука се стави одложување на имплементацијата на дел од концепцијата што се однесува за седмо, осмо и деветто одделение

Од:

Денес со одлуката на Влада почнуваат позитивните промени во образованието во нашата држава. Се става одложување на имплементацијата на дел од концепцијата што се однесува за седмо, осмо и деветто одделение во однос на наставните планови и програми без да бидат засегнати изборните предмети за кои сметаме дека се добро решение во идниот процес на образование кај младите, изјави министерката за образование Весна Јаневска.

– Ова решение всушност ќе овозможи да надминеме еден сериозен проблем наталожен долги години. Веќе наназад неколку години вие знаете на недостаток на учебници. Секојдневно макотрпно работевме на изнаоѓање решение за овој проблем, дадовме максимални напори. Секојдневно бевме во комуникација, се среќававме со Бирото за развој на образование за да изнајдеме решение и конечно тоа и се случи и со силни барања, со силни напори, успеавме да обезбедиме всушност учебници за децата и оваа година.

Станува збор за седмо одделение, нагласувам и оваа година учениците во Македонија ќе имаат учебници за разлика од претходните години, кога процесот на креирање, печатење, одобрување на учебници од за нас навистина непознати причини, а претпоставувам повеќе познати на јавноста причини беше неодржлив, променлив, со бројни промени во повиците со грешки во учебниците и така натаму. Да не должам многу, после одлуката на оваа влада ние почнуваме со позитивните промени, и да, децата оваа година на 1-ви септември ќе имаат учебници – рече Јаневска.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Има неколку сериозни наследени проблеми во врска со Студентскиот дом во Тетово

Од 2026 година нова методологија за финансирање на основното и средното образование

Едносменска настава има во 150 училишта, во 25 треба доградба на училници

Јаневска: Законот за верските училишта е уставен и со него не се нарушува секуларноста на државата

Електронски свидетелства од наредната учебна година

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска