(ВИДЕО) Јаневска: Јетон Шаќири ја призна целата мизерија на власта, од буџет од 450 милиони евра на МОН не можат да одвојат за учебници за средно образование

Од:

„Вчера министерот за образование Јетон Шаќири во една реченица ја опиша целата мизерија на власта, тој во телевизиска дебата со мене призна – „Реално немаме пари за учебници по сите предмети во средно образование“, вели Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова е срамна изјава од повеќе аспекти. Имено МОН оваа година има буџет од 450 милиони евра, тој е за 8,4% поголем од буџетот за 2022 година, а Шаќири при неговата презентација во Владата на почетокот на годината се фалеше дека се гордее со буџетот кој е развоен и ќе има и за нови инвестиции, и за учебници и за поголеми плати.

Од многу фалење стигнавме до немање пари, па оттука прашуваме на што се трошат 450 милиони евра пари кои МОН ги има во буџетот, ако нема пари за учебници?

Да потсетиме дека оваа Влада немаше пари ниту за свидетелства, кои доцнеа, ниту за учебници во основно кои ги печатеа за еднократна употреба.

Признанието е крајно поразително ако се земе во обѕир дека оваа Влада има пари за златни лажици, ф`стаци и бифтеци, за нови службени возила, за прослави на Рамковен договор и годишнина од формирање на Владата, за енормно скап километар автопат, за братот на Артан Груби, за надзор на градежни фирми кои до вчера произведувале долна облека, за оштета за неизграден Клинички центар – 8 милиони евра, дури и за дресирање на магариња.

Добро образование и добро структуриран образовен систем ги одредува аспирациите и потребите на државата, како и неjзината иднина, односно судбина. Веќе е сосема познато дека нашето образование е во постојан пад и веќе е на работ на комплетен колапс. Од последната анкета спроведена од Институтот за политички истражувања, а во врска со образованието во Македонија се гледа дека населението е незадоволно од повеќе елементи во образование од кои најмногу од наставните програми, и учебници.

Книгите, односно учебниците, почитувани, за образованието, се од суштинско значење и тие се основа за сите други видови учења. Без нив оние што учат би немале ниту појдовна точка, ниту начин за проценка на својот напредок.

Непотребно е уште да набројувам, разочарувачки е, депресивно и срамно е. Македонија по прв пат од нејзиното постоење има пари за се’ и сешто, а нема пари за книги. Се прашувам дали се во право оние кои тврдат дека ова не е случајно“, соопштува Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски