(ВИДЕО) Јанева: Ахмети и Груевски ќе бидат повикани како осомничени во СЈО

Од:

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, прашана како отвора нови истраги кога нема мандат за тоа, рече дека СЈО според Законот за кривична постaпка има право да поднесува обвиненија и да постапува. Очекува наскоро да се реши прашањето за статусот за СЈО и како што кажа, тоа најбрзо што може да продолжи со својата работа.

– Ние се трудиме да се бориме против криминалот што е извршен од 2008 до 2015 година согласно нашите прислушувани разговори. Мандатот ни трае пет години и тоа значи до 2020 година и сигурно ќе не гладетe во други истраги и други предмети, изјави Јанева на денешната прес-конференција во СЈО.

Прашана дали се побарани некакви мерки за случаите „Попис“, „Моќник“ и „Актор“ што денеска ги објави СЈО, Катица Јанева, рече дека засега не се побарани мерки за осомничените.

Прашана дали Али Ахмети и Никола Груевски биле на распит во рамки на предистражната постапка во предметот „Попис“ , Јанева рече дека не биле во предметот како сведоци.

– Сега сметаме дека ќе бидат соодветно повикани врз основа на законските одредби, рече Јанева.

За истрагата за „Актор“, таа рече дека на распит се повикуваат лица кои во овој момент му се достапни на СЈО.

– Започнува истрагата. Официјално ќе се земаат изјави од сведоци, за осомничени и за правните лица и врз основа на тоа ќе се побараат и мерки од судот. Во оваа фаза мора да ви кажам дека меѓународната правна помош се воспостави во изминатиот период и се надевам дека тоа ќе биде побрзо, бидејќи со Република Грција имаме и други предистраги и обвинети лица кои се таму и сето тоа е во фаза на преговарање и врз основа на меѓународна правна помош, рече Јанева.

На новинарско прашање Јанева потврди дека е замрзнат имотот на синовите на поранешната пратеничка и член на ДИК Силвана Бонева, во врска со истрагата што СЈО ја отвори во декември лани против неа за злоупотреба на патни трошоци.

– Да, се работи за наше барање и судот донесе одлука, изјави Јанева.

Јанева посочи дека во периодот што следи, се што ќе преземат во овие истраги, ќе биде јавно објавено.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Ќе ги тужиме Државниот завод за статистика и раководни лица во врвот на поранешната Влада за пописот

Пописот не смее да биде политичка тема, потребна ни е вистинска бројка, вели премиерот Мицкоски

ВРЕДИ: Бришењето на дијаспората од пописот е тешко предавство, ДУИ не може да се крие зад молкот

Движењето ЗНАМ – за наша Македонија го поддржува предлогот на премиерот Мицкоски за електронски попис на населението

Пратеникот Реџепи ja оспорува Методологијата за пописот oд 2021 година

Горан Наумовски

Апелирам Македонците од Албанија масовно да учествуваат во пописот, порача Мицкоски

А1он