СДСМ ќе ја поддржи одлуката за субвенции на ЈСП, извештаите за работа не ги поддржуваме затоа што извештаите се дел од работата на јавното претпријатие со амин на Управниот и Надзорниот одбор од ДПМНЕ кои се виновни за хаосот во јавното претпријатие, рече координаторката на Советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева на денешната вонредна седница.
-Управните одбори вие како мнозинство ги избравте, извештаите ги прифаќаат а тука согласност за извештаите на совет не се дава. Ги повикувам сите членови на Надзорниот и Управниот одбор, на чело со Горан Илиевски од ВМРО-ДПМНЕ да кажат како работи ЈСП? Дали тие луѓе добија надоместок за присуство на нивните седници на Управен и надзорен одбор? Да добиле, но вработените во ЈСП плати не добиле. Како тоа Управните одбори ги гласаат извештаите за работа на ЈСП кои ние како Совет треба само согласност да дадеме?, рече Јанчева.
На Скопје му е потребен нов концепт за јавен превоз, потенцираше Јанчева.
-Нов концепт на јавен превоз му е потребен на Скопје, она што ДПМНЕ 2 години одбива да го прифати, а тоа е БТР брзиот рапид транзит, за којшто повторно Владата на СДСМ истури пари, даде гаранција за ЕБОР да одобри кредит од 70 милиони евра. Со овие пари освен што ќе имаме нов превоз ќе имаме и нови автобуси без задолжување, рече Јанчева.
Слушнавме тези дека СДСМ истурал пари низ општините, да. Ако СДСМ не истураше пари градоначалниците на ДПМНЕ немаше да имаат со што да се пофалат со барем една инвестиција, рече Јанчева.
-Како лидерот на ДПМНЕ ќе се пофалеше дека има нашол пари? Затоа после како попчиња градоначалниците отидоа во Влада да ги попишат договорите со кои што парите од владата ќе ги користат за инвестиции во општините на Град Скопје. Тоа е добро и така треба. Затоа благодарние на владата има градинка во Аеродром, рече Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје.