(ВИДЕО) Јанчева: Поднесовме иницијатива за вонредна седница на Советот на Град Скопје за помош за настраданите во несреќата во Бугарија

Од:

Координаторката на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, во лично име и во име на советничката група на СДСМ, ДУИ и коалицијата во Советот изрази сочувство кон семејствата на починатите во несреќата во Бугарија.

„Советничката група на СДСМ, ДУИ и коалицијата во Советот на Град Скопје, денеска достави барање за свикување на итна седница на Советот.

На оваа седница единствена точка на дневен ред би била помошта кон семејствата на нашите сограѓани кои загинаа во страшната автобуска несреќа во Бугарија.

Го поздравуваме предлогот да се обезбедат два милиони денари за помош на семејствата на настраданите, секако треба да се види можноста тој износ дополнително да се зголеми.

Сепак, не треба да се чека редовната седница на Советот, туку тоа може да се обезбеди и со вонредна седница за што денеска како советничка група поднесуваме иницијатива.

Скопје е град на солидарноста, град кој подава рака секому кому му е потребна помош така е и сега, без да ги делиме луѓето по верска и етничка припадност.

Денеска политиката ја оставаме на страна, повикуваме на сплотеност за што побрзо да им помогнеме на нашите сограѓани.

Во несреќата во Бугарија загинаа 45 лица, огромен дел од нив се скопјани и скопјанки.

Веруваме дека оваа иницијатива ќе биде прифатена и дека седницата ќе се одржи што поскоро за помошта до погодените да стигне што побрзо“, рече Јанчева.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

Левица: Милиони за прскање без доказ дека делува – исти фирми и средства

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски