„Нека ни е честит денот на востанието 11 октомври во слободна и независна Република Македонија. Македонија немаше да биде ниту слободна, ниту независна, без антифашистичката борба и успешното народно востание кое беше кренато на 11 октомври 1941 година.
Еден од симболите на антифашистичката борба е и паркот „Жена борец“ во кој се наоѓа и спомен плочата на Невена Георгиева Дуња, која со своите 16 години беше партизанка во првиот скопски партизански одред.
Антифашистката Невена Георгиева Дуња трагично загинува во судир со фашистичката полиција и контрачета во велешкото село Нежилово во декември 1942 година. За жал, фонтаната со спомен плочата на Дуња е запуштена со години, а во таква состојба се и многу други споменици и спомен обележја од народно-ослободителната и антифашистичка борба.
Никола Груевски и Коце Трајановски се одговорни за маргинализирањето и запоставувањето на симболите на антифашистичката борба. Тие вложуваа милиони евра на скапи споменици и восочни фигури. За нивниот партиски музеј, си купија со наши пари скапи восочни фигури и на Хитлер и од неговиот соработник Ванчо Михајлов. За Хитлер и Ванчо Михајлов најдоа пари, но не и за одржување на спомениците на антифашистите кои се бореа против Хитлер и неговите соработници.
Никола Груевски и Коце Трајановски се расфрлаа со милиони евра за да го претворат „Жена Парк“ во парк на мажите. И тоа расфрлање со народни пари им беше малку, па фрлија уште 20 илјади евра за да го облечат Прометеј во гаќи.
Новата градска власт ќе го возобнови паркот „Жена Борец“ како антифашистички симбол и ќе ги негува спомените за народните хероини и херои од антифашистичката борба за народна слобода.
Смрт на фашизмот, слобода на народот!“, изјави Љубица Јанчева, кандидатка за член на Советот на Град Скопје.