(ВИДЕО) Јанчева: Арсовска продолжува проекти на претходниот градоначалник, нема реализирано ниту еден свој

Од:

„Во првите два и пол месеци од мандатот, Данела Арсовска нема ниту еден проект во интерес на граѓаните на Град Скопје. Нејзината најава дека ќе реконструира булевари и улици во градот, всушност е продолжување на проект на претходната градска администрација“, рече Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје.

„Речиси за сите улици и булевари кои ќе се реконструираат веќе се изготвени проектни документации од претходното раководство, а за улицата „Радишанска“ избран е и изведувач на градежните работи.

Добро е што Арсовска ги продолжува проектите на претходниот градоначалник и ја охрабруваме исто вака да постапи и со проектот Бас рапид Транзит кој го прекина иако за него средствата веќе беа обезбедени.

Данела Арсовска нема реализирано ниту еден свој проект а веќе наближуваат 82 дена од мандатот, период во кој таа ветуваше дека ќе реализира 15 проекти.

Се што видоа граѓаните на Скопје од Арсовска во овој период е неработење, прекинување проекти, партизација на администрацијата и бегање од одговорност.

Тоа е нечесен и неодговорен однос кон граѓаните кои и дадоа доверба на Арсовска.

Арсовска треба да решава проблеми и да реализира проекти, а не да бара оправдувања за неработењето и да се иззема од одговорност“, изјави Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Трајко Славески не прифати седница за донирање на месечните паушали за Леонид

Предраг Петровиќ

Дива депонија во Визбегово, Арсовска најави кривични пријави

Стојановски: Утре изутрина од 4:45 часот јавниот градски превоз ќе продолжи нормално да функционира

Предраг Петровиќ

Советот на Град Скопје ја донесе одлуката за давање субвенции на ЈСП Скопје за 2024 година

Град Скопје: Вработените во ЈСП Скопје без плата, а граѓаните на Скопје без превоз

Левица: Итна седница на Советот на Град Скопје, Трудот на работниците во „Флораком“ и „Луна“ мора да биде исплатен

А1он