(ВИДЕО) Јанчев: Нашиот левичарски нарав е таков – за сестра се умира

Од:

Пратеникот од редовите на Политичката партија Левица, Сашко Јанчев, на денешната прес-конференција, се осврна и на вчерашните случувања во Собранието. Тој објасни дека инцидентот започнал по провокација на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Зоранчо Јованчев, којшто прв упатил навреди и ја спомнал сестрата на лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

„Вчерашниот инцидент настана за тоа дали премиерот Мицкоски треба да одговара на пратенички прашања и дали конкретно треба да биде повикан или не. Тој веќе беше во салата, беше повикан од нашите членови за опозициски прашања. Во моментот кога настана забуната, пратеникот од Кавадарци од редовите на ДПМНЕ, Зоранчо Јованчев, беа упатени навреди и беше спомната сестрата на Апасиев. Нашиот левичарски нарав е таков – насилство не трпиме! Мене ми е жал за инцидентот, но беше спомната сестра, а за сестра се умира!“ – потенцираше Јанчев.

„Не сакаме да се случуваат вакви инциденти, но не се плашиме и никогаш нема да премолчиме на вакви реакции и навреди. Не се плашевме кога бевме двајца, не се плашевме во времето на Мијалков, а сега па воопшто не се плашиме“ – кажа пратеникот од Левица

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови