(ВИДЕО) Јанчев: На кавадарчани им треба урбана средина која ќе нуди услови за развој и просперитет

Од:

„Кавадарци заслужува да биде на прво место. На кавадарчани им треба урбана средина која ќе нуди услови за развој и просперитет. На младите им треба простор за создавање и рекреација. Земјоделците имаат потреба од подобар пласман на своите производи и подобри услови.

Во програмата нудиме трајни решенија за клучните проблеми со кои се соочуваат кавадарчаните. Ќе реализираме иновативни и креативни проекти кои ќе бидат од големо значење за кавадарчани. Вашата доверба значи и ваше директно вклучување во сите активности на локалната самоуправа. Ви претставувам само мал дел од проектите кои ќе ги реализираме:

• Започнуваме сосема нов проект МОЈ ОПШТИНАР. Преку овој проект општината ќе им биде достапна на граѓаните и ќе можат лесно да дојдат до решенија за проблемите со кои се соочуваат.

• Реконструкција на постоечкиот колекторски систем и изградба на нов.

• Доизградба и продолжување на кејот на реката Луда Мара, со оваа доизградба ќе се решат проблематичните места кои во овој момент се депонии.

• Изградба и уредување на локалитетот 12 Ваташки младинци.

• Изградба на две детски градинки. Со ова би се решил проблемот кој е огромен за родителите.

• Ставање во функција на напуштениот објект „Ла Луна“. Ова место ќе прерасне во современ спа центар со современа теретана, сквош терени, затворен базен и детско катче.

• Изградба на фабрика (ПОГОН) за откупување на вишокот грозје и претворање во алкохолен дестилат во однос на потребите на пазарот. Овој погон трајно би го решил проблемите со пласман на грозјето, кој од година во година станува се поголем.

• Реконструкција на стадионот Тиквеш, како и реконструкција на спортскиот центар „Јасмин“ и дополнување со трим патека, лизгалиште и современо лизгалиште. Овие реконструкции ќе создадат услови за издигнување на спортот и место за рекреација за младите кавадарчани.

• Изградба на велосипедска патека која му недостасува на Кавадарци.

• Создавања на нови работни места преку странски и домашни инвестиции.

• Уредувања и проширување на влезовите во градот.

• Кавадарци има големи проблеми со кучињата скитници. Ќе воведеме шинтерска служба која ќе ги згрижи кучињата бездомници.

• Изградба на две училишни спортски сали.

• Нови два кружни текови кои ќе го намалат сообраќајниот метеж.

• Затворен пазар со постоечка локација со катна гаража.

Овие проекти се реални и нудат решенија кои ќе траат. На Кавадарци му треба лидер кој ќе знае домаќински да го води овој град. Јас и општината ќе бидеме во функција, во функција на Вас граѓаните. Да го направиме Кавадарци убаво место за живеење“, Митко Јанчев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Заев му издиктира на Филипче кадри кои ќе загубат на изборите, обременети со скандали и приказ на хаосот во СДС

СДСМ објави 19 кандидати за градоначалници

ВИДЕО: Студентите го кршат предизборниот молк во Косјериќ, хаос и во Заечар

Аднан Азизи избран за шеф на Централниот изборен штаб на ВЛЕН за локалните избори

Локални избори во Хрватска: Излезноста на гласачите до 16.30 часот е 23,45 отсто

ЛДП со поддршка за измените на Изборниот законик и заштита на правото на кандидирање на независни листи