Основачот на ВМРО-ДПМНЕ Гојко Јаковлевски од пред Министерството за правда повика веднаш да биде ослободен Љубе Бошкоски.
-Се срамам како основач на партијата ВМРО-ДПМНЕ, да таа партија стави еден човек кој целиот живот го посвети на Македонија во затвори и да го држи во зандани. Тоа е најголемата срамота, по киднапирањето на Драган Богдановски. По Драган Богдановски, ова е најголем срам за Македонија и за партијата, јас се срамам што ја основав таа партија со братот Драган, рече Јаковлески.
-Се обраќам до директорот на Идризово, под итно да го ослободи Братот Љубе. Пред една и пол година кога бев да го посетам Љубе Бошкоски, директорот Живко Пејковски седна со мене и ми рече: “Да зависи од мене јас веднаш ќе го ослободам Љубе Бошкоски“.
Затоа апелирам сега под итно да се ослободи Брат Љубе, секој ден таму поминат е голема штета за македонскиот народ. Брат Љубе треба да е на слобода и да се бори за Македонија, порача Гојко Јаковлевски.