(ВИДЕО) Јакимовски: Опозицијата има сила да се спротивстави на бруталниот режим на Груевски

Од:

Опозицијата има сила и е подготвена да се спротивстави на бруталниот режим на Никола Груевски, вели во интервју за „Скај“, градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски.

Овие избори не се само за борба за власт, туку и за достоинство. Достоинството на парламентот е уништено на 24 декември лани, а оние кои беа актери во уривањето на достoинството, не можат да поминат неказнето – порачува актуелниот градоначалник на Карпош.

На прашање дали има обиди за изборен фалсификат во Карпош, со издавање на лични карти, градоначалникот вели дека имало такви гласини, меѓутоа, според него, позициите на СДСМ во Карпош се доволни силни за какви било фалсификати да бидат анулирани.

– Зошто премиерот Никола Груевски не прифати предвремени парламентарни избори, ако е толку сигурен во неговите анкети – прашува Јакимовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров

Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Преку Стевчо ни е, лудилото мора да сопре“: Протест против изградбата на 17-катница кај Воена болница

Орце Костов

(ВИДЕО) Јакимовски: Со изгласан буџет, Општина Карпош ќе продолжи непречено да функционира

(ВИДЕО) Велјановски: Со насилство се донесе буџетот на Општина Карпош