(ВИДЕО) Јакимовски: Николовски ја злоупотребил службената положба давајќи налог за неовластено користење на службено возило

Од:

„Им порачуваме дека не е трагедија да не се бавиме со злоупотреба на трагедија туку трагедија е злоупотреба на службената должност и овластување на министерот Николовски.

Имено Николовски место да се бави со бледи соопштенија, треба јасно да и одговори на јавноста дали советникот кој ја направил сообраќајката и целосно го демолирал возилото Дачиа Дастер од министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство имал овластување и можел да го управува истото?“, праша Миле Јакимовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Трагедијата како што знаете се има случено на релацијата Виница- Берово вон работно време и дали советникот возел со пропишаната брзина или возел неколкукратно повеќе од пропишаната брзина?

Истовремено министерот Николовски ја злоупотребил службената положба и овластување, давајќи му налог неовластено иако за тоа немал законско право. Доколку го тврдат спротивното ќе ги замолиме да го покажат патниот налог со кој е упатен советникот.

Истовремено ја прашуваме власта дали ќе покрене прекршочна постапка спрема советникот а со тоа и кривична постапка за злоупотреба на службената должност и овластување.

Додека земјоделците мака мачат со пласманот на земјоделските производи и откупот, истовремено власта се поигрува со службениот имот. Доколку не постапи власта согласно позитивните законски прописи ќе сметаме дека намерно сакаат да го заташкат овој случај. Истовремено им порачуваме дека време е власта на СДСМ да си замине бидејќи ова не им е прв случај на злоупотреба на државен имот“, изјави Миле Јакимовски.

Би можело да ве интересира

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски