ВИДЕО: Избеганиот затвореник не пукал во полицаецот кој возел, туку куршумот случајно се одбил

Од:

Затвореникот Беким Мемети не пукал во полицаецот кој го управувал комбето, туку куршумот се одбил од кровот на возилото и го погодил во стомакот. Ова го покажале резултатите од увидот на увидната екипа од МВР. Оттаму поднесоа кривична пријава до Обвинителството за гонење организиран криминал и корпција, а обвинителката Лиле Стефанова, ја процесуираше, отвори постапка и побара притвори кои и беа одобрени.

„Иако намерата за пукањето со пиштолот во кровот на возилото била да го оправда овозможувањето на бегството од страна на затворските полицајци, зрното од куршумот се одбило од кровот и случајно го погодило затворскиот полицаец И.Х. во долниот дел од стомакот. Наведените противзаконски дејствија се извршени откако службеното затворско возило било пресретнато и му било попречено движењето од страна на друго возило марка „ауди“ и притоа овластените службени лица за спровод – затворските полицајци не преземале никакви дејствија во однос на присилното нивно запирање, а осуденото лице по настанот влегло во возилото „ауди“ и заминало од лице местото. Од страна на затворските полицајци, иако дел од нив биле вооружени, не се преземени никакви дејствија за спречување на бегството“, велат од МВР по увидот.

Кривичната пријава од МВР е против пет лица, а за делото противзакониот ослободување на лице лишено од слобода за кое е предвидена казна затвор од три до пет години.

„Имено, на 12.01.2023 околу 22.50 часот осудениот Б.М., планирано и во договор со затворските полицајци и лица од надвор, се повредил така што си нанел расокотина на левата дланка, по што бил однесен во домската амбуланта, од каде било дадено препорака Б.М. да се пренесе во Клинички центар „Мајка Тереза“-Ургентен центар со цел санирање на повредата. За настанот бил запознат дежурниот командир на смена, првопријавениот С.Д., кој наредил да се изготви наредба за спровод од КПУ Идризово до Клинички центар „Мајка Тереза“ за осуденото лице од страна на затворските полицајци Т.А., И.А., и Т.П. и И.Х.“, велат од МВР.

Тие тврдат дека свесно и со намера е пуштен во бегство затвореникот Мемети.

„Кривичното дело е извршено на начин што осомничените свесно и со намера да му овозможат бегство на осуденото лице кое го спроведувале, го седнале во средниот ред на службеното возило, а не според стандардните оперативни процедури за спровод на осудени лица во посебниот дел од возилото наменет за тоа. Потоа, еден од затворските полицајци воопшто не носел службено оружје иако морал да носи, а иако на осуденикот му било ограничено движењето на рацете со средства за врзување, сепак му било овозможено да пристапи до службениот пиштол на еден од затворските полицајци, со кој испукал еден куршум“, додаваат оттаму.

Би можело да ве интересира

Излегол од затвор, ја истепал сопругата, па и запалил дел од облеката

Возач од Македонија имал мозочен удар во Унгарија, денеска е пренесен во Скопје со медицинскиот хеликоптер

Приведени 17 припадници на затворската полиција вработени во К.П.Д. „Идризово“

Горан Наумовски

Обвинителството чека извештај за претресите во Идризово, официјална потврда за ископаните тунели се уште нема

МВР: Три кривични пријави за полицаец од Крушево

Специјалци влегоа во Идризово, најдена голема количина недозволени предмети