(ВИДЕО) Ивон: Лидерите да извлечат поука од 24. декември

Од:

Британскиот амбасадор Кристофер Ивон во неделното интервју на Радио Слободна Европа, вели дека клучните работи од извештајот на комисијата за настаните од 24. декември се препораките, а целта која ја гледа со донесувањето на извештајот е да се осигураат дека настаните видени на 24. декември на телевизиските екрани, нема да се повторат.

И дека постои напор од политичките лидери на сите партии да направат сè што можат за да ја научат лекцијата од 24. декември.


За Ивон е тешко да шпекулира за оценките од годишниот извештај за напредокот. Обединетото Кралство вели не е автор, тоа е задача за која Европската комисија.

„Мислам дека како и во претходните години и годинава ќе биде точен, фер и балансиран и во однос на областите каде бил постигнат напредок во изминатите години, но и во однос на оние области каде се бара натомошен напредок со цел да се докаже посветеноста кон европските стандарди“, вели амбасадорот.

Се надева дека Македонија нема да ја загуби препораката за почеток на преговорите.

„Не е Британија таа што треба да се меша и да им кажува на другите земји кога треба или не треба да имаат избори. Тоа е работа на политичарите и Парламентот во Македонија. Всушност она што ние го направивме во Британија по изборите во 2010 е тоа што донесовме закон кој го фиксира мандатот на нашиот Парламент, значи ние всушност бегаме од можноста да се има предвремени избори во системот на Обединетото Кралство. Луѓето тука треба да решат колку често треба да се случуваат избори тука, но ако на пример јас бев инвеститор или бизнисмен ќе морав да ги разгледам опциите за стабилност и можни ризици. Знак за стабилност може да биде кога еднаш избрана влада ќе го истера целиот мандат. Мислам дека тоа се прашања за политичарите, но секако дека можам да ги видам придобивките од обидот да се избегнат повторени и чести избори“, одговара Ивон.

Според Ивон слободата на медиумите расте и созрева со текот на времето. Не верува дека нема слобода на медиумите воопшто, бидејќи во медиумите тука може да види различни ставови и простор за многу од нив. Но она што го загрижува е кога луѓето доаѓаат кај него, зборуваат за слободата на медиумите.

Има постојан критицизам и тоа му кажува дека кога на една страна ќе го ставите законот, постои потреба од зголемување на јавната доверба во состојбата со медиумите во Македонија.

Би можело да ве интересира

Орбан: Повеќето Европејци се против забрзаниот пристап на Украина во ЕУ

Фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да воведе санкции против Русија истовремено со САД

ЕУ најави одговор на новите царини на Трамп

Работиме напорно за да се деблокира македонскиот пат кон ЕУ, вели Рокас

Калас: Русија е решена да придонесе за страдањето и да ја уништи Украина

А1он

Одбележување на „Денот на Европа“ со хуманитарна трка „Сите за Кочани – Трчаме заедно“

А1он