(ВИДЕО) Иванова: Трајаноски го уништи Водно за да ги исполни криминалните желби на неговиот шеф Груевски

Од:

„Никола Груевски и Коце Трајановски се најодговорни за уништувањето на Водно – белите дробови на Скопје.

За да ги исполни криминалните желби на Никола Груевски и неговиот забеган проект “Скопје 2014”, Коце Трајановски уништи десетици паркови и зелени површини во Скопје. Но, изгледа малку им беше тоа што ги уништија половина зелени површини на Мал Ринг.

Коце и Никола ги поместија и границите на Парк-шумата Водно за да може Никола да си купи плацеви за џабалак, на кои ќе гради згради и потпорни ѕидови од 7 метри

Покрај тоа што и дозволија на градежната мафија да ги сече белите дробови на Скопје, тие го пресекоа Водно со асфалтен пат кој води во приватната елитна населба “Сончев град” која ја ветуваат цели десет години, а уште не е ни почната да се гради.

Никола Груевски и Коце Трајановски инвестираа во пат од 7.7 милиони евра кој го пресекува Водно и кој е еколошка закана за белите дробови на Скопје.

Почитувани,
На 15 октомври Скопјани ќе го казнат послушникот Коце Трајановски кој систематски ги уништуваше белите дробови на Скопје за забеганите проекти на неговиот шеф.

По 15 октомври, новата власт ќе го запре уништувањето на парк-шумата Водно.

Ќе го заштитиме зеленилото и ќе ги зачуваме белите дробови на Скопје, за граѓаните да дишат слободно“, изјави Михаела Иванова, кандидатка за член на Советот на Град Скопје од СДСМ и коалицијата.

Би можело да ве интересира

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори

Јанчев: Изградба на дом за стари лица, 3 катни гаражи, пречистителна станица Марена – Сопот, гасификација на Кавадарци и многу други проекти

Предраг Петровиќ