(ВИДЕО) Иванов: Не ја извртувајте вистината, референдумот не успеа, Собранието да го послуша народот

Од:

Претеседателот Ѓорге Иванов од претседателската вила испрати порака до власта дека референдумот не е успешен и да не ги манипулира граѓаните. Според Иванов, не смее да се извртува вистината, а пак, пратениците треба да го послушаат народот.

„На вчерашниот референдум, народот го отфрли преспанскиот договор. Народот е против наметнати и избрзани решенија. Пораката е испратена. Реалноста е дека референдумот не успеа. Не ја поценувајте суверената волја на народот. 36,9 отсто излезност не е волја на народот, туку 69 отсто кои не излегоа. Реалноста е дека референдумот е неуспешен. Време е за одговорност пред македонскиот народ“, порача претседателот Иванов.

„Поддршката за ЕУ и НАТО ја намаливте. Ги манипулирате граѓаните, а нашите партнери ги лажете. Истовремено, очекувам набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР сериозно да ги земе забелешките од избирачките места. Оние другите кои се мешаат од страна, да ги почитуваат меѓународните конвенции“, додаде Иванов.

Тој го цитираше и Доналд Трамп и тоа што тој го кажал од говорницата во Обединетите нации.

„Верувам во амбицијата на нашиот народ. Референдумот не е анкета, туку одлука која обврзува. Собранието мора да ја почитува таа одлука. Им честитам на македонскиот народ за нивната одлука“, рече Иванов.

За оние кои излегле да гласаат на референдумот, Иванов рече дека Македонија треба да иде во ЕУ и НАТО, но со реформи, без притисоци и уцени.

„Само цврсто сплотени може да го изодиме патот до ЕУ и НАТО. Немаме дилеми дека таму ни е местото. Но таму треба да влезе со човечко достоинство без уцени и притисоци. Имаме два големи предизивика со кои треба да влеземе, тоа се реформите. Со партиски клиентизам и без реформи во правниот систем, не можеме“, додаде Иванов.

Би можело да ве интересира

Швајцарците го отфрлија предлогот за ограничување на бројот на жители на 10 милиони

A1on

СДСМ: Престанете да бегате од граѓаните, распишете референдум, граѓаните нека одлучат

Горан Наумовски

СДСМ: Нема пари за референдум, но има за тендери и луксуз

ВИДЕО: Филипче бара референдум за ЕУ: Граѓаните да одлучат дали сакаат да ја платат цената заради Мицкоски

Референдум во Република Српска на 25 октомври

Словенија одлучува: Или остануваме и ја плаќаме членарината или го напуштаме НАТО