(ВИДЕО) Итно ослободете го Кежаровски – порака од Репортери без граници до Владата

Од:

Бараме веднаш да се пушти на слобода новинарот Кежаровски! – вака го почна своето обраќање, Кристијан Мир, извршен директор на Репортери без граници, Германија.

– Кога говориме за слобода на медиумите, исклучително малку се земјите во светот кои толку многу паднале на индексот за слобода на Репортери без граници. Кежаровски и Зоран Божиновски се многу тажни симболи на прекршувањата на слободата на медиумите. Знаејќи дека случајот на Кежаровски е пред Апелациониот суд е на 24 октомври, бараме да се пушти од домашен притвор, рече Мир.

Македонија стана светски лидер во кршење на слободата на медиумите и на основните права и слободи на човекот. Според организацијата Репортери без граници, Македонија е на 123 место во светот, според слободата на медиумите, пад за 89 места за две години.

Власта и судовите изрекуваат драконски казни за новинари и уредници во судски процеси кои се очигледно политички мотивирани. По овој повод, Цивил и Фондација Фридрих Еберт организираа дебата на тема „Слобода на говор и медиуми во Македонија: Предизвици и решенија“.

Мир говореше и за новиот извештајот за Македонија на Европската комисија во кој, Репротери без граници нотираат дека покритички се говори за слободата на медиумите.

-Среќен сум што во поглавјето фундаментални права се наведени слободите на медиумите. Извештајот ја критикува широката употреба на клеветата и навредата за притисок и заплашување на новинарите. Ние советуваме на ЕУ да изврши поголем притисок и да се спомнат имињата на Кежаровски и на Фокус кои треба да плаќаат глоба зашто ја вршеле својата работа, со што се става под знак прашање волјата на владата во Македонија да стане полноправна членка на ЕУ. Ние велиме дека треба да се одржи притисокот врз Владата да ги исполни барањата на ЕУ, а не да се враќа назад, рече Мир.

Репротери без граници бараат да се исполнат 5 точки: Македонија да прифати потполна слобода на медиумите, да престане да ги заплашува новинарите со злоупотреба на законите за навреда и клевета, рекламирањето да биде транспарентно и јавно да се каже како се влијае врз медиумите и новинарството и македонската влада безусловно и веднаш да го осободи Кежаровски.

Уранија Пировска, директорката на Хелсиншкиот комитет за човекови права, рече дека не е задоволна од зборовите кои се користат во Извештајот на Европската комисија.

– За случајот Кежаровски, ние не зборуваме само како за типичен случај на повреда на правото на слобода на изразување, туку за политички затвореник. Извештајот во ниедна прилика не истакна дека меѓу многуте политички затвореници има и новинари. Да не се лажеме, Томислав Кежаровски е политички затвореник, рече Пировска.

Таа рече дека познати се приемрите од Австрија и од Франција кога Европскиот суд за човекови права во Стразбур одлучувал во корист на новинари и кога тие навредувале функционери, затоа што стандардот налага политичарите да бидат изложени на поостра критика од јавноста.

– Не е само дека државата ги контролира и ги користи медиумите за политички цели, ние имаме и неефективно судство и доминантна извршна власт. Проблемот не е само во тоа што медиумите се под шака на власта, туку станува збор и за селективно судство под влијаение на извршната власт, рече Пировска.

Кочо Андоновски од ЛГБТИ Центарот за поддршка опиша конкретни примери кога маргинализираните заедници не можат да си го најдат местото на медиумите.

– Бидејќи во Македонија има уставни измени, а ние како заедница немаме пристап до мејнстрим медиумите, решивме да настапуваме на локалните медиуми. Договоривме 10 интервјуа во 3 дена и тоа беше доволно, зборот да се рашири и веќе четвртиот ден не можевме да договориме ниеден медиум на локално ниво. Па така Прилеп излезе дека е Њујорк, и ни рекоа дека до средината на ноември се пребукирани и немаат ни 5 минути за нас во програмата. А во Кавадарци ни рекоа дека, не поддржуваат обратни и ако сака Кочо да дојде да зборува како што зборува владата тогаш може, а ако не, ништо, рече Андоновски.

Новинарот Ацо Кабранов вината за лошата состојба во новинарството и во медиумите ја лоцираше во самите новинари.

– Живееме во двоглав режим предводен од Груевски и Ахмети и премногу молчиме. Сами сме си виновни за ова што ни се случува. Уште повеќе се затвораме во своите гета и секој си навива за своето, рече Кабранов.

Петрит Сарачини говореше за етикетирањето на критичките новинари, кои се и постојано тужени и осудувани додека оние во медиумите со провладина уредувачка политика не се тужени или нивните случаи се во некоја фиока.

Новинарот Синиша Станковиќ рече мора да се направи нешто повеќе од дискутирање на болните прашања.

– Ако на 24 октомври пресудата за Кежаровски не биде таква каква што сакаме, баш ме интересира што ќе направат новинарите. Мора сами нешто да направиме, на пример да се обидеме преку новиве медиуми да создадеме мрежа на освестување, рече Станковиќ.

Џабир Дерала од Цивил ја затвори дебатата со повик за итно ослободување на новинарот Томислав Кежаровски.

А.Б.

Би можело да ве интересира

На Кежаровски нема да му се суди во „Ликвидација“

Васко Маглешов

Кежо на роденденот повторно на обвинителна клупа за „Ликвидација“

Васко Маглешов

Кежаровски најави нова книга, продолжение на „Живот во кутија“

Ана Ололовска

ФОТО: Домот на Томислав Кежаровски ограбен за новогодишната ноќ

Ана Ололовска

„Живот во кутија“ – прва книга на новинарот Томислав Кежаровски

Ана Ололовска

Кежаровски: Владимир Талески сега не може да избега или да влијае на сведоци?

Емир Латифовиќ