(ВИДЕО) Итни реформски промашувања: Наредната влада ќе мора да ги имплементира реформските приоритети

Од:

Владата по 11 декември, без разлика кој ќе ја предводи мора да ги имплементира итните реформски приоритети кои се укажуваат во извештајот на Европската комисија, рекоа извршниот директор на Фондацијата отворено општество, Хелсиншкиот комитет за човекови права и Македонскиот центар за европско образование, Фани Каранфилова-Пановска, Уранија Пировска и Бојан Маричиќ пред почетокот на дебатата насловена „Итни реформски промашувања“.

– Овогодинешниот извештај за напредокот не Европската комисија оди еден чекор понапред кога станува збор за детектирањето на состојбите со кои што се соочува Македонија, самиот факт што извештајот почнува дека земјата не забележува напредок, препораките што се однесуваат до човековите права немаат големи отстапки од она што беше дефинирано и во минатогодишниот извештај. Она што е забележливо е дека има поголема смелост во дефинирањето на системот. Во неколку наврати се споменува „заробена држава“ и „заробени институции“, квалификација што граѓанскиот сектор години наназад ја изразува како свои наоѓања кога станува збор во принципот на поделба на власта кој што години наназад во Македонија не се чувствува бидејќи имаме предоминантна извршна власт која што директно влијае на постапувањето и на собранието и на правосудството, истакна Приовска.

Вели, она што ја прави задоволна е тоа што во извештајот веќе се споменуваат реформи во судството по однос на дисциплинските постапки и разрешувањето на судии.

– Оваа смелост, иако задоцнета од страна на Европската комисија се должи на фактот што со извештајот на Прибе се воспостави некаков стандард и не можеше да се ретерира и ЕК поблаго да пристапува кон состојбите во земјата, бидејќи немаше да биде конзистентна во она што беше веќе дефинирано. Затоа се следи дикцијата на Прибе и се обрнува особено внимание на СЈО, на механизмите за заштита и регулаторните дела, особено на народниот правобранител, вели Пировска.

Извршната дирекорка на Фондацијата отворено општество Македонија, Фани Каранфилова-Пановска смета дека новата власт треба да има многу ум, сериозна дисциплина и огромна одговорност и посветеност во делот на итните реформски приоритети и на сите забелешки во извештајот, како и за економските реформи.

– Македонија, каде што има нотирани сериозни недостатоци во делот на управувањето со јавните финансии, структурните проблеми со пазарот на трудот и невработеноста, несоодветните образовни политики кои одговараат на пазарот на трудот, надворешниот долг и задолжувањето ќе треба следната власт да посвети сериозно време на тоа како ќе ги дисциплинира фискалните политики, како ќе ја дисциплинира и ќе ја направи креативна и мотивирачка комплетната економска атмосфера во општеството заради тоа што проблемите во економијата ги генерираат сите проблеми понатаму. Имаме сериозен проблем со управувањето со јавните финансии кои што сериозно влијаат на овозможување на добра и поволна клима за развој на приватниот сектор, рече Каранфилова-Пановска.

Според Бојан Маричиќ, оваа година јасно е нагласен недостатокот на политичка волја, како еден битен елемент на проблемите на системот во Македонија.

– Тоа не е случајно, укажувањето на тоа дека нема политичка волја вперува прст директно на најодговорните лица, особено на тие кои ја водат владата, што досега беше проблем за ЕК да го направи, иако тој недостаток постоеше и минатите години. Јасна е пораката дека моменталната влада нема реформски курс и дека Македонија е тргната во погрешен правец. Во таа смисла се и условите за фер и демократски избори и укажувањата дека имаме заробена држава, сериозни системски проблеми и пораката дека не може да се избега од итните реформи. Притисокот ќе остане врз секоја друга влада, јасно е кажано дека во овој момент го нема рефомрскиот капацитет, рече Маричиќ.

Би можело да ве интересира

Зошто се тактизира со извештајот за избор на универзален снабдувач?

Орце Костов

Пад на Македонија во извештајот на Фридом хаус: Назадување во владеењето на правото и борбата со корупција

Нови случаи на ХИВ и еден на СИДА во Македонија, сите се мажи на возраст 20 и 39 години

Орце Костов

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Обвинителството реагира до Лога: Дел од забелешките за Извештајот се неточни, Јовески е спремен да одговори согласно закон

Александар Тодески

Познати професори и правници ќе го реформираат Судскиот совет

Горан Наумовски