(ВИДЕО) Исмаил: Предлог-буџетот предвидува нови две милијарди евра задолжување на државата

Од:

„Буџетот за 2026 година предвидува нови две милијарди евра годишно задолжување“, истакна Потпретседателот на Левица – Реџеп Исмаил во своето обраќање за буџетот на пленарната седница.

– Сите зборуваат за буџетот во некакви експертски термини, јас ќе се обидам да го поедноставам, за да го разбере македонскиот народ. Проекцијата за домашно задолжување е 585 милиони евра, а за задолжување во странство 1,4 милијарди евра. Практично ова е повеќе од 10% од буџетот кој се заснова на задолжување, рече Исмаил.

Во продолжение, пратеникот Исмаил лоцираше дека растот од каматите за кредитните задолжувања на оваа Влада е на ниво на вкупната додадена вредност од буџетот.

„Растот во вкупна додадена вредност изнесува 350 милиони евра. Оваа сума е идентична на сумата која што вие треба да ја исплаќате за камати за кредитите коишто ги влечете.“

Пратеникот додаде дека целата претстава за раст на БДП, не го подобрила живото на обичниот граѓанин и служи како инструмент на власта за да се изземе од одговорноста за инфлацијата и падот на животниот стандард.

„Растот на БДП-то е фантазија на економисти, бизнисмени и буржоаски политичари. Кај нас, ваквата фантазија стана идеологија која исклучително лошите услови во реалниот живот ги оправдува, односно се иззема од одговорноста за нив, преку некои фамозни бројки за економски раст.“

На крајот од своето излагање Исмаил апелираше до Министерството за финансии „да се модернизира во методологијата за она што навистина значи параметар којшто ја мери благосостојбата на народот и воведат ‘Индекс на одржлива економска благосостојба’.“

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Исмаил до Љутков: Следува милионска штета по буџетот по ваша вина – кога планирате да си поднесете оставка!

Горан Наумовски

Левица: Измените на Кривичниот законик се скандалозни, Уставниот суд да реагира

Левица: Антикорупционерката Ристовска крие имот

(ВИДЕО) Левица: Власта одби да ѝ даде ингеренции на министерката за енергетика – не помина законот за укинување на РКЕ

Левица: Премиерот со џемпери од по 2.000 евра барањата за минимална плата ги прогласи за „политичка агенда“

Горан Наумовски

Левица: Повеќе од еден месец молк од антикорупциска за тендерските шеми на Томовски – дали и овие докази се „изгубија“ во октоподските пипци?