(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Од:

Пратеникот и потпретседател на Левица, Реџеп Исмаил – Хактан на денешната седница на собрание ја образложи суштината на предложените измени и дополнувања Законот за одбрана, поднесен од пратеничката група.

„Постојното законско решение остава опасно широк простор Владата по сопствена волја да ја вовлекува државата во воени операции што немаат никаква врска со одбраната на суверенитетот и територијалниот интегритет. Членството во НАТО, поради својата природа, значи отстапување на дел од суверенитетот, особено во одбраната, и остава широки раце на Владата за директно и индиректно вклучување во конфликти. Затоа Собранието треба да ја ограничи Владата, така што армијата ќе се користи само во мисии со меѓународен легитимитет, одобрени од Советот за безбедност на Обединетите нации.

Досегашната пракса на НАТО, од бомбардирањето на Југославија, преку Ирак, до Либија, покажува интервенции без одобрение или со злоупотребен мандат, кои резултирале со нестабилни и распаднати држави со поголеми безбедносни ризици. Во услови на современи безбедносни аранжмани и зголемена интероперабилност, постои опасност од индиректно вклучување и без формална одлука, што веќе се гледа преку поддршката и испораката на оружје во Украина. Ова носи реални економски, енергетски и безбедносни последици, како и ризик од нарушување на внатрешната стабилност, поради што е неопходно Владата да биде ограничена и секое учество да биде засновано на меѓународно право и националниот интерес.”

Предлогот на Левица НЕ ПОМИНА, односно пратениците од СДС гласаа против, а од ДПМНЕ воопшто не гласаа.

Би можело да ве интересира

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски