(ВИДЕО) Интегра обвини за кражба на гласови: ДПМНE одработи Заев да остане на власт

Од:

Лидерот на Интегра, Љупчо Ристовски, на денешната прес конференција обвини за кражба на гласови.

Ристовски изрази сомнежи за објавените резултати од Државната изборна комисија.

„Претседател на ДИК е човек од ДПМНЕ и фирмата која го води софтверскиот процес е исто така велат многумина блиска на ДПМНЕ. Како знаат дека досега објавените податоци во јавност се објавени од хакерите или од ДИК и се веродостојни“, прашува Ристовски.

Интегра побара од државните органи да ги расчистат овие сомневања во јавноста.

„Ние како партија сепак не успеавме да ја убедиме дијаспората да исфинансираме заедно една паралелна набљудувачка организација од моделот на МОСТ“, рече Ристовски.

Тој смета дека дијаспората можела да допринесе повеќе за кампањата на Интегра и следењето на изборите, како би се спречила кражба и манипулација со гласовите.

„Опозициската ДПМНЕ остана доследна на нашите сомневања дека на овие избори ќе одработуваат да остане Заев на власт“, рече тој

Според Ристовски, сега ќе се продолжи со „коленичењето пред Ахмети и ДУИ“.

„Ќе добиеме во пакет и бугарски и албански јазик за нашите основци“, рече тој.

Тој наброја субјективни и објективни причини за изборните резултати на Интегра, кои според него можеле да бидат подобри.

„Во делот на субјективни причини, можеби новата светлина која се појави на крајот на тунелот со појавата на Интегра на овие избори, по долги децении на темнина, беше пресилен одблесок од кој нацијата беше заслепена од понудата за нова македонска ренесанса“, рече Ристовски од Интегра.

Според него, семето во срцата на граѓаните било посеано и во иднина ќе се виделе резултатите на Интегра.

Ристовски вели дека не е задоволен и од медиумскиот проток, кој според него бил 1 процент и не бил доволен да се допре до гласачите.

Меѓу другото се заблагодари за освоените 12.000 гласови на вчерашните предвремени парламентарни избори.

Би можело да ве интересира

Борис Кондарко и официјално претседател на ДИК

Чејни: Ќе гласам за Харис, а не за републиканецот Доналд Трамп

Горан Наумовски

ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами

„Европски фронт“ поднесе тужба до Управен суд за прегласувањето во Желино

ДИК ќе одлучува по приговорот од Европскиот фронт

Катерина Ѓуровски

Коалицијата „Европски фронт“ доставила приговор до ДИК за прегласувањето во Желино