ВИДЕО: Инцидент на протестите на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, меѓу активистите и полицијата

Од:

Активисти на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со претседателот на тамошниот општински комитет, Сашо Донев, се нафрлија на полицијата откако не им беше дозволено да ги блокираат сите коловозни ленти на улицата. Присутните на протестот реагираа бурно, па поради тоа барикадата беше тргната, а ним им беше дозволено да ја блокираат целата сообраќајница. Ова се случи на блокадите организирани од ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, кои ги нарекоа предупредувачки, со барање од Владата да се каже што се преговара со Бугарија.

„Ова се удбашки работи. Доста слугувате на хунтата. Фрли ја униформата и џенем фатете. Се продавате за 50 денари, 100 денари, 250 евра. Ќе ја фрлите униформата кога се работи за Македонија. Бугари сте. Од Косово ве донесоа да си играте со народот. Ако е Македонец треба често да работи. Тоа е како пи*ки се“, викаше еден од присутните активисти на протестите.

Претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Донев, тврдеше дека со полицијата договориле блокада на целата сообраќајница, а во пракса се правело друго.

„Едно договарате друго правите. Како не ви е срам? Тоа што го договоривме не го прават“, вели Донев обраќајќи се на полицајците.

„А1он“ контактираше и со портпаролот Стефан Димовски, кој немаше информации за инцидентот. Тој кажа дека ќе провери и најави детали за подоцна.

На вчерашните протести, инцидент имаше во Скопје. Таму беше приведен активист на ВМРО-ДПМНЕ, кој тврдеше дека бил малтретиран од полицајците. За ова, претставка е поднесена и до Внатрешната контрола при МВР.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Полицијата и демонстрантите се судрија во Тирана

Зеленски: Украинците имаат право да протестираат дури и за време на војна

А1он

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик