(ВИДЕО) Илиевски: Ситуацијата со коронавирусот е алармантна, а СДСМ станува носител на Ковид-19

Од:

„Ситуацијата со корона вирусот се влошува единствено во Македонија!

Македонија е на врвот, ама по број на новоинфицирани во едно деноноќие, по број на починати од корона вирусот.

Се е јасно – ова е резултат на неспособноста на надлежните и владејачката структура да воспостави соодветен систем за заштита на здравјето на граѓаните.

Заев има една цел, а тоа е да ги реализира своите интереси и интересите на тесен круг на луѓе.

Заев покажа, а и докажа дека здравјето на граѓаните ниту му е приоритет, ниту го интересира. Тој зборува само за избори и тера кампања“, рече Боро Илиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Раководството на неговата партија или е инфицирано или е во самоизолација или изолација.

Но, и тоа не го интересира Заев, тој си зборува за избори! Владејачката СДСМ станува носител на Ковид 19 во државава.

Заев наместо да ги става институциите под закрила како што е тоа случај со Комисијата за заразни болести, треба да помисли прво на здравјето на граѓаните.

Ситуацијата е алармантна. Македонија го доживува вториот пик на корона вирусот најавуван и претпоставуван за есенва.
Филипче нема контрола врз ситуацијата.

Мора итно да се делува во насока на поголема заштита на здравјето на граѓаните“, изјави Боро Илиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО