(ВИДЕО) Илиевски: Над 20 отсто од територијата на Македонија изгоре во пожари, не му оди на Мицкоски со патриотизмот

Од:

Додека Мицкоски се обидува да се промовира себеси за голем патриот кој го редефинира значењето на зборот патриотизам, во две години од неговата власт преку 20% од вкупната површина на шуми и пасишта се претворени во пепел. Само изминатата седмица активни се преку 100 пожари на територија на целата држава. Втора недела се активни пожарите во општина Василево, општина Радовиш и општина Берово. Планината Готен речиси е целосно опустошена, изјави Методија Илиевски – потпретседател на СДСМ.

– Пожари има и во Прилеп, Македонски Брод, Штип, Зелениково, Желино, Струмица, Шуто Оризари и Карбинци, Куманово, Липково, Гостивар, Нагоричане, Росоман. Во пожари гори цела Македонија. Оттука се поставува прашањето, дали и ова е дел од патриотскиот план на Мицкоски? Со кое лице Мицкоски зборува за патриотизам откако ја остави државата без соодветна опрема за справување со пожари. Лани Мицкоски ветуваше целосна ревизија и модернизација на системот за противпожарна заштита.

Она што го гледаме денес е целосна деградација на тој систем. Наместо нови возила, владата на ВМРО-ДПМНЕ за 7 милиони евра набави службени мобилни телефони.
Наместо нови противпожарни авиони, вработување на пилоти, владата на ВМРО-ДПМНЕ патриотски троши милиони на приватни авиони, хотели, морска храна, папаја, манго. Наместо вработување на пожарникари, владата на Мицкоски составува списоци во штабовите на ВМРО-ДПМНЕ за вработување во државните институции. Каков е тој патриотизам ако за една година со прст не си мрднал да ја одбраниш државата од огнената стихија во која изгореа околу 20% од шумите и пасиштата? Каков е тој патриотизам кога во две години во пожари животот го загубија 70 луѓе? Не е патриотизам да ги оставиш луѓето сами да се справуваат со пожарите. Тоа е предавство, вели Илиевски.

Би можело да ве интересира

Онлајнмедиа.мк: СДСМ треба да престане да им се заканува на медиумите

Горан Наумовски

СДСМ: ЕУ усвои нови правила за депортација на мигранти во трети земји

СДСМ: Темата со мигрантите е многу поголема отколку што кој било во Македонија можеше да замисли

СДСМ: Разоткривање на кујните на ДПМНЕ, дел 3: Напади исто како во времето на Груевски!

СДСМ: Преземање на судството, неуставна Резолуција и Катица во функција на власта се дел од исто сценарио

СДСМ: Мицкоски го зеде судството во свои раце па се фали со добиени пресуди

Горан Наумовски