(ВИДЕО) Илиевски: Мојата програма е базирана исклучиво за потребите на жителите на Општина Лозово

Од:

„Напредокот и развојот на Општината е цел кон која сите заедно мора да се стремиме и само со работа можеме да постигнеме низа успеси. Пред граѓаните на Општина Лозово ќе понудиме концепт за одговорно работење секогаш подготвени да излеземе во пресрет на решавање на нивните проблеми. Мојата визија но и предизвик како кандидат за градоначалник е да се стремам да обезбедам пристојни услови за живот на младите нивното родно место Општина Лозово да биде место каде тие ќе ја градат својата иднина и семејство. Потребите на граѓаните ќе бидат наш приоритет. Секоја нивна идеjа и сугестија ќе биде прифатена и тие ќе бидат главните двигатели во програмата за реализација на Општина Лозово.

Јас и мојот тим силно ќе се залагаме за да обезбедиме подобар живот на нашите сограѓани преку изградба на квалитетна инфраструктура, развој на спортскиот дух, урбанизација на Општината и отворање на нови работни места.

Ова го ветуваме, а се што ќе ветиме во изборната програма сигурно ќе го исполниме.

Во продолжение ќе спомнам само дел од проектите од мојата програма во која се опфатени сите населени места во Општината и тоа:

1. Донесување на Детален Урбанистички План во сите населени места со што ќе се овозможат услови да се заврши постапката за легализација на бесправно изградените објекти и откуп на дворните места.
2. Уредување на местото предвидено за парк во Лозово, со што ќе прерасне во едно урбано и посакувано место најпрвин за децата но и за младите и постарите.
3. За подобрување на водоснабдувањето во село Каратманово е предвидено изградба на нов резервоар со чиста вода за пиење и доводна мрежа.
4. Во Сарамзалино како приоритет ни е изградба на канализациона мрежа со што би се решил еден децениски проблем.
5. Асфалтирање на патот Милино-Јазла, со што село Милино директно ќе се поврзе со експресниот пат Велес-Штип.
6. Реконструкција на локалниот пат Дорфулија-Лозово.
7. Во програмата е предвидено изградба на канализациона мрежа во населените места Ќоселери и Ѓуземелци.
8. Изградба на нова детска градинка во Лозово со што ќе се подобрат условите за најмладите и градинката ќе има капацитет за 50 деца.
9. По течението на реката Брегалница кај селото Бекирлија е во план изградба на објект (ловен дом) за промоција на ловниот туризам.
10. Исто така е предвидено и асфалтирање на улици во сите населени места на територијата на Општина Лозово (Лозово, Дорфулија, Каратманово, Милино, Сарамзалино, Аџиматово, Ќоселери и Ѓуземелци).
11. Ќе донесеме инвеститор во постоечката индустриска зона во село Лозово и отворање на погон за преработка на овошје и зеленчук со што би се врабоиле околу 50 луѓе.
12. Ќе се отвори конфекциски погон со капацитет за околу 50 работници со што оние кои моментало патуваат за Штип во конфекција би работеле овде.
13. Отворање на бензиска пумпа.

Ова е само дел од програмата која е реална и остварлива, а базирана исклучиво за потребите на жителите на Општина Лозово.

Ние не ветуваме дека преку ноќ ќе ги решиме сите проблеми, но ветуваме дека преку макотрпна работа, искреност и посветеност заедно ќе ја направиме Општина Лозово поубаво место за живеење“, изјави Јордан Илиевски, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Општина Лозово.

Би можело да ве интересира

Јасен е победеникот на овие локални избори, а тоа е владиното мнозинство, вели Мицкоски

На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори, одлучи ДИК

Независните кандидати наместо од еден отсто, треба да соберат потписи од 0,95 проценти од запишаните избирачи во ИЕ, за решението ќе се гласа утре во Собрание

Прво ќе се избере Народниот правобранител и претседател на ДКСК, па ќе се распишат локалните избори

Горан Наумовски

Гаши: Локалните избори ќе се распишат во првата половина од август

Шукова ја објави својата кандидатура за градоначалничка на Скопје