(ВИДЕО) Илиев: Тони Делков, човекот кој учествуваше во приватизацијата на ФЕМ не може да биде градоначалник на Неготино

Од:

„СДС за градоначалник на Неготино нуди човек од матната транзиција. Тони Делков, човекот кој своевремено учествуваше во приватизацијата на ФЕМ не може да биде градоначалник на Неготино.

На Неготино не му е потребен градоначалник кој учествувал во матното време на транзицијата кога без работа останаа повеќе од 200.000 луѓе, а беа затворени над 684 фабрики.

СДС на Неготино му нуди кадар кој има само завршено средно образование.

На Неготино не му требаат ликови кои градот ќе го враќаат назад во минатото.

На Неготино не му е потребен градоначалник што има потценувачки однос спрема посиромашните луѓе, и луѓе што не се од неговото опкружување.

СДС повторно ги нуди старите и истрошени кадри на Неготинчани. Бившите вработени во фабрика за кабли во Неготино најдобро го знаат тоа и за тоа ќе го казнат СДС на 15-ти октомври.

Неготинчани нема да дозволат расипничкото владеење на централната власт предводена од СДС, да се прелее и преточи на локално ниво, односно на локалната власт.

Неготинчани нема да дозволат неодговорни и луѓе со матно минато да раководат со Неготино.

Неготинчани на 15-ти октомври ќе го казнат СДС за сета неодговорност и расипништво“, изјави Бојан Илиев.

Би можело да ве интересира

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Утре втор круг од изборите за градоначалник во Брвеница, денеска гласаат болните

А1он

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски