Игор Спасов, специјалецот осуден за убиство на Мартин Нешкоски, попладнево беше на распит во СЈО. Околу 15 часот под силно полициско обезбедување, тој беше изнесен од Обвинителството.
Ова е вторпат осудениот Спасов да оди на распит во СЈО.
Истовремено се уште трае сведочењето на Али Ахмети кое започна пред околу еден час.