Бегалецот Игор Спасов е уапсен во софиската населба Младост по добиена дојава

Од:

Поранешниот полицаец Игор Спасов осуден за убиството на Мартин Нешкоски, кој се бараше со меѓународна потерница, уапсен е вчера во попладневните часови во населбата Младост во Софија од страна на бугарската полиција по добиена дојава, јави Бугарското национално радио БНР.

-Игор Спасов беше уапсен вчера во главниот град, во областа Младост, каде што се криеше. Според медиумите, тој има 14-годишна затворска казна во Република Северна Македонија за убиство. Спасов живеел во Софија во стан во областа Младост. Полицијата добила сигнал дека тој се крие таму. Спасов беше уапсен вчера попладне, стои на веб страницата на БНР за неговото приведување.

Според информациите на Бугарското национално радио, тој не се противел при апсењето.

Портпаролот на МВР Тони Ангеловски потврди дека биле известени од бугарските колеги дека по распишаната меѓународна потерница вчера е приведен Игор Спасов.

Спасов е осуден на 14 години затвор за убиството на Мартин Нешкоски што се случи на плоштадот во Скопје на прославата на победата на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори во 2011 година.

МВР распиша меѓународна потерница за Спасов на крајот на октомври 2019 година откако тој не се врати во затворот по завршување на лекувањето.

Игор Спасов, се бараше со наредба издадена од Основен суд Штип за сторени кривични дела по чл.123 и чл.386 од КЗ на РСМ за доиздржување на казна затвор од седум години и три месеци, стои на веб страницата на МВР.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Екстрадиран Игор Спасов, убиецот на Мартин Нешкоски – полицијата го спроведе во „Идризово“

Кристијан Ландов

Бугарскиот амбасадор очекува за неколку месеци да заврши постапката за екстрадиција на бегалецот Игор Спасов

Ана Ололовска

Испратено барање до Бугарија за екстрадиција на Игор Спасов

Ана Ололовска

Екстрадицијата на Спасов неизвесна, Бугарија досега одобрувала, но и одбивала да испорача осуденици во Македонија

Кристијан Ландов

Игор Спасов бил уапсен во Софија поради семејно насилство

Ана Ололовска

Во Бугарија уапсен бегалецот Спасов, осуден за убиството на Мартин Нешкоски

Кристијан Ландов