ВИДЕО: Хуманитарната акција – доделување на училишен прибор на социјално загрозени семејства

Од:

„Трета година по ред во организација на Комисијата за образование при ОО СДСМ Прилеп се организира и спроведудва Хуманитарната акција со доделување на училишни ранци и прибор за деца од социјално загрoзени семејства. Како и претходните години и годинава, триесетина деца од општина Прилеп ќе добијат ранец со училишен прибор за успешен почеток на новата учебна година.

Акцијата е потпомогната од членството на ОО СДСМ Прилеп со цел да им се излезе во пресрет и малку од малку да им се олесни и така тешката финансиска состојба на родителите и децата од овие семејства.

Во изминативе години бевме директни сведоци на осиромашувањето на народот од страна на ДПМНЕ. Се иселија многу млади семејства, настана материјално пустошење, остана огромна невработеност. Најодговорен за лошата финансиска ситуација во која се наоѓаат голем дел од семејставта во Прилеп, е Марјан Ристески.

Истовремено, со денешно присуство, тука, го изразуваме и нашиот револт пред почетокот на учебната година како воспитно-образовни кадри кои што до ден денес немаа право да се вработат затоа што не ги исполнуваа партиските критериуми на ДПМНЕ.

Време е ваквото селективно и дискриминирачко владеење да престане. Државата и градот се на народот!
После 15 октомври, доаѓа нова одговорна и во функција на народот локална власт што ќе придонесе за решавање на проблемите на граѓаните и подобрување на животот на грѓаните на Прилеп“, изјави Леонардо Ковилоски – Регионален координатор на комисија за образование на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски