(ВИДЕО) Ховит: Политичката криза може сериозно да се одрази врз евроинтерграциите

Од:

Ричард Ховит известувач за Македонија во Европскиот парламент за 24 Вести вели дека во рамките на заложбите за пристапот на земјата во Европската Унија ова се многу сериозни и чувствителни времиња и дека е правилно да биде во земјата за да ги сослуша сите партии посебно.

Потенцира дека не е овластен за да се меша во внатрешната политика, а намерата му е позитивно да влијае.

Утре ќе има средби со лидерите на политичките партии.

„Прво ќе ги сослушам што тие имаат да кажат, пред другите и приватно. Сигурен сум дека ќе бидат искрени со мене а и јас ќе бидам искрен со нив. Но ова е политичка криза и правилно е пред да се изјаснам да слушнам од нив и тоа имам намера да го направам. Ќе имам повеќе да кажам во петок, но ќе им пренесам порака дека настаните во оваа земја не се само сериозни внатре во земјата, но и за иднината на земјата во Европската Унија. Луѓето во Брисел гледаат што се случува, и сето тоа има импликации за аспирациите на земјата да биде членка на ЕУ, но за тоа прво ќе разговарам со лидерите па ќе се изјаснам во петок“, вели Ховит за 24 Вести.

Сакаме оваа земја да успее, вели Ховит и се плашиме од моменталната ситуација.

ВИДЕО: 24 Вести

Би можело да ве интересира

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија