(ВИДЕО) Хаос во Тафталиџе: Кавга со инвеститорите заврши со полиција

Од:

Вистински хаос се случуваше на улицата Московска во скопската населба Тафталиџе, каде како што велат граѓаните, урбаната населба полека се претвора во градилиште и опасно место за живеење.

Револтирани од урбаниот хаос, граѓаните се обратија до А1он, но иако беше најавена посета од страна на инвеститорот во 18:30 часот, никој не се појави на местото. Веднаш по заминувањето на екипата на А1он, околу 19:00 часот, граѓаните се јавија да кажат дека на разговор дошле двајца од директорите на градежната фирма Адора, која сега е сопственик на местото, но откако го слушнале разговорот, веднаш избегале, по што тие решиле самите да ја извадат лимената ограда од која речиси и немаат простор каде да се движат.

Откако екипата на А1он се врати на улицата, се појавија и двајцата директори од Адора, кои не сакаа да дадат било каква изјава, и се дрзнаа да кажуваат дека екипата на А1он не може да снима. Зад камерите подоцна кажаа дека утре ќе достават соопштение. Малку подоцна, се појави и полицијата, но поради немање никакви докази, немаше ни кривични пријави.

– Адора покажа дозвола за работа, меѓутоа ние како граѓани реагиравме затоа што уште кога почнаа со градежни зафати, не го обезбедија просторот, скалилата бетонски ни беа одземени, по што реагиравме до општината со цел да реагираат. Немаше ограда, немаше никаква заштита. Беа паднати жици и два дена никој не ги помести, по што повторно реагиравме. Ни го узурпираа и паркинг просторот, а крајниот револт е поставувањето на оградата, по што немаме место ни да поминеме, а што ако треба да дојде брза помош или пожарна, нема каде да помине возило. Услови за живеење нема, рече претседателката на куќниот совет, Виолета Василева.

Од општината на нивните барања одговорил градежен инспектор, но кога Василева повторно се обидела да го контактира, тој не одговорил на нејзините повици. Градежната фирма пак, одговорила дека оградата е од времен караткер и дека повторно ќе се повлечат назад, но тоа до денес не го сториле.

– Проблемот е тоа што по ДУП е дозволена градба од приземје плус 9 плус поткровје. Нарушен е законот за урабнистичко планирање, во законот се предвидени проценти на зелена површина, проценти на паркинг место и останати делови од инфраструктурата, но ова е сведен простор на зграда до зграда, а освен тоа, вон сите стандарди се гради, вели Биљана Крстевска.

Освен тоа, вели Крстевска, темелот на зградата, кој ќе биде веднаш до веќе постоечката зграда ќе биде подлабок од тој на првата зграда, бидејќи се планирани три ката подземен паркинг, што е исто така голем проблем.

Ова е втор проблем на граѓаните од Тафталиџе во многу краток период. Претходно, граѓаните од улицата Букурешка на повеќе наврати го спречуваа уништувањето на последната зелена површина, а за сето тоа го обвинија градоначалникот Стевчо Јакимовски, кој според нив, наместо да ги штити интересите на граѓаните, ги штити бизнис интересите.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) „Преку Стевчо ни е, лудилото мора да сопре“: Протест против изградбата на 17-катница кај Воена болница

Орце Костов

Врховен потврди: Зградата на ССМ е одземена по пресуда во корист на државата

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски на страната на синдикатот: „Да им се врати зградата на ССМ“

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Кули од 35 и 25 ката на земјиште на Алумина што го купи „Пуцко Петрол“

Орце Костов

(ВИДЕО) Се урна зграда во Русија, има мртви и исчезнати

Горан Наумовски