(ВИДЕО) Хаос во Илинден: Водата им се врати во куќата, живеат во приколка, никој не им помага

Од:

Сами се справуваме 8 дена. Седиме без светло, без вода без ништо, во една приколка сме сместени и сме оставени сами на себе, помош никаква немаме, раскажува жител на населба Илинден, која пред два дена ја посети премиерот Емил Диитриев и кажа дека се ќе се средело.

Жителите на Илинден тврдат дека поради каналот кој не е чистен со години, сета вода која едвај успеале да ја извадат им се вратила назад во домот. Општината пак, сета помош ја испратила во останатите поплавени подрачја, па сега нема кој да им помогне да ја извлечат водата од домовите.

– Нас ни донесоа само два мотори за испумпување вода, ни ги оставија моторите и толку, помош друга никаква. Ветено е дека ќе дојдат, но до ден денеска никој не дојде. Ден и ноќ се справувам сам, никој не ме прашува за ништо, вели човекот.

Тој и неговата сопруга заработувале единствено преку автопералната во нивниот двор, но сега велат, не можат да работат поради поплавата.

Граѓаните посочуваат дека години наназад од општината барале да се направи атмосферска канализација, или во најмала рака да се чисти каналот, но ништо од тоа не се случило.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Австралиски новинар го прекина преносот за да спаси возач од поплавa

Меѓународен ден за намалување на ризикот од катастрофи: Подготвеноста за поплави почнува дома и спасува животи

Седумнаесет години од бродската несреќа на Охридското Езеро

(ВИДЕО) Страшна буица го „проголта“ Големиот Кањон – бран висок 4,5 метри однесе сè пред себе

Горан Наумовски

Бројот на жртви во поплавите во Непал достигна 903

Бројот на жртви од поплавите во Непал и Тибет достигна 676