(ВИДЕО) Хан: Навистина сум разочаран

Од:

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан 4 часa по полноќ замина од резиденцијата во Пржино без постигнат договор меѓу партиите, но со најава дека се враќа повторно.

Не постигнавме договор и јас навистина сум разочаран што не успеавме да изнајдеме решенија според претходните договори од јуни и јули годинава. Се уште има надеж да се најде решение и се надевам дека ќе биде препознаена сериозноста на ситуацијата. Дефинитивно, ова не беше добар ден. Мислам дека утре ќе биде подобар за да се најде решение кое е неопходно и да останат активни евроаспирациите на земјава, изјави еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

– Не можам да предвидам за европските аспирации, но сега потребно е лидерство и одговорност за земјата и нејзината судбина. Мислам дека се е можно. Јас ќе се вратам повторно тука. Ние не можеме да ја работиме работата на овдешните политичари. Ќе бидам среќен ако се испочитуваат договорените рокови , рече Хан.

Би можело да ве интересира

Американскиот и иранскиот тим пристигна во Исламабад, почнуваат преговорите

Предраг Петровиќ

Иран ги постави условите за крај на војната

„Волстрит џурнал“: Прoпаднаа пеговорите за прекин на огнот меѓу САД и Иран

Лавров: Русија ќе започне преговори кога претставниците на ЕУ ќе се вразумат

Зеленски тврди: Путин ги отфрла сите обиди за преговори

Украинците предлагаат целосeн прекин на огнот

Горан Наумовски