ВИДЕО: Хан и порача на Владата да сопре со политичкиот притисок врз новинарите и институциите

Од:

Ги следев активностите на работните групи и се радувам на враќањето на опозицијата во парламентот. Го поддржувам законот за нов специјален обвинител и истакнувам дека ќе ја добие целата потребна поддршка во идниот процес, им порача на пратениците еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, при денешната посета на Собранието.

Хан утринава се сретнал со невладините организации, а пред билатералните средби со претседателите на партии ќе има ручек со премиерот, Никола Груевски. Во Министерството за финансии подоцна ќе учествува на дијалогот за пристапување на високо ниво (ХЛАД) и посочи дека тема на разговор ќе бидат проблемите со правдата, медиумите и независноста на институциите.

-Политичката криза значеше дека високиот дијалог е запрен, но сега ќе продолжи. Ќе разговараме за владењето на правото и добро управување. Ние претходно изразивме загриженоста за политичката вмешаност во независноста на судството. Вашите судии се добро обучени и треба да бидат оставени да ја работат својата работа. Очекуваме новиот обвинител да ги има ресурсите и поддршката кои ќе и бидат потребни за да ја исполни тешката но навистина важна задача за вашата држава – рече тој.

Хан порача дека ќе мора партиите да се оделат од државата и да се воспостават надзорни тела. Како пример ја спомена канцеларијата на народниот правобранител и парламентарните правата. Важен сегмент од неопходните реформи кои мора да се постигнат за да се зборува за влез во ЕУ, е и слободата на медиумите, рече тој.

-Климата во оваа држава треба да се подобри, новинарите треба да се слободни да ја работат својата работа, секој притисок врз новинарите не е прифатлив – истакна тој.

Од суштинско значење, рече, е администрацијата да не биде повеќе партизирана и да не биде предмет на политички притисок. Според Хан Македонија треба да работи на подобро управување во финансиите.

-Ќе дискутираме за владеење на правото, но треба да се фокусираме на економската ситуација во државата. Проблем претставуваат буџетскиот дефицит на државата кој се повеќе се зголемува и големата невработеност. Овие прашања треба да бидат покриени. Изборните реформи треба да бидат имплементирани пред изборите, а меѓународната заедница овој пат ќе ги мониторира подетално – додаде тој.

Наредниот месец Европската Комисија ќе го претстави својот годишен извештај за напредок на Македонија, кој ќе зависи од кооперативноста на партиите во овој период.

Хан утре заминува во Гевгелија каде ќе го псоети прифатниот центар за бегалци. Тој истакна дека Европа се соочува со голем проблем и предизвик на кој работи. Македонија, потсети, веќе добива хуманитарна поддршка од Европската унија, а ќе се разговара и за други можни начини за помош.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он