Пари веќе нема, Западот ги гледа руските средства како последна опција за Украина

Од:

Во Европската Унија сè повеќе се раширува верувањето дека единствениот начин за финансирање на Украина е користење на замрзнати руски средства. Бидејќи другите извори на финансирање се исцрпени, објавува „Блумберг“, повикувајќи се на извори.

„Руските средства се клучен извор на финансирање, бидејќи, доколку борбите продолжат, на Киев ќе му требаат околу 200 милијарди долари“, објавува агенцијата.

Секој обид за запленување на суверените средства на Русија ќе се смета за кражба, нелегален потег што е спротивен на важечките норми на меѓународното право, предупреди рускиот амбасадор во Белгија, Денис Гончар, претходно денес.

По почетокот на Специјалната воена операција, Европската Унија и земјите од Г7 замрзнаа речиси половина од девизните резерви на Русија: околу 300 милијарди евра. Повеќе од 200 милијарди се во Европската Унија, главно на сметките на белгиската компанија „Еуроклеар“, еден од најголемите системи за клиринг и порамнување во светот.

Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров предупреди дека Москва ќе одговори на конфискацијата, објави „Спутник“.

Според него, Русија има и можност да не ги врати средствата што ги чуваат западните земји на нејзина територија.

Би можело да ве интересира

Во септември, Русија поседуваше американски државни обврзници во вредност од 25 милиони долари

Горан Наумовски

Зеленски предлага 10 нови хуманитарни операции за евакуација од руските окупирани територии

Стаб: Ако немате агенда за мир, никогаш нема да го постигнете

Европа стравува дека Трамп и Путин ќе договорат мир без Украина и ЕУ

„Билд“: Русија планирала напад во Полска, а потоа вината да ѝ ја префрли на Украина

Зеленски бара од САД пристап до „Старшилд“: Технологијата може да го промени текот на војната