ВИДЕО: Гужви во Тафталиџе, никој не бара сертификат за вакцинација на концертите од Општина Карпош

Од:

Пред платото на Млечниот ресторан во населбата Тафталиџе и на плоштадот „Делфина“ веќе трет ден Општина Карпош го организира Coolтурно лето 2021. Голем број граѓани се собираа на јавниот простор следејќи ги настапите на Александар и Дац, Каролина Гочева, Тамара и бројни ди-џеи.

Градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев, на својот профил на Инстаграм ја промовираше програмата на културниот настан, со препораки за почитување на мерките против Ковид-19 и со јасна назнака дека станува збор за „дефиниран јавен простор“ и дека ќе има „редарски надзор кој ќе врши проверка на Ковид-сертификат“.

Сепак, редакцијата на „А1он“ вечерва се увери дека на јавниот простор ниту има редарски служби, ниту пак се проверуваат сертификати за вакцинација, онака како што налагаат владините протоколи.

„Дел од јавниот простор на Делфина и на Млечен ќе биде опколен со заштитна лента, а влез на #COOLтурноЛето ќе биде дозволен со КОВИД сертификат/потврда за прележаност“, напиша градоначалникот Стефан Богоев на неговиот профил на Инстаграм, пред 6 дена.

На настанот вечерва пред Млечниот ресторан во Тафталиџе ниту имаше заштитна лента, ниту пак редарски служби бараа сертификат или потврда за прележаност. Буквално секој можеше да застане како дел од публиката, а дистанцата од два метри не се почитуваше.

Пред бината беа поставени столчиња кои веќе беа резервирани, а редакцијата на „А1он“ помина повеќе од еден час на настанот, но немаше ниту еден редар за да се увери дали се почитуваат владините протоколи. Сертификат за вакцинација и прележаност на настанот не ни провери никој, додека во околните кафулиња влегоа полициски екипи за да проверат дали посетителите се вакцинирани или пак прележале Ковид-19 во последните 45 дена.

Според последната владина одлука, за организација, работа и присуство/учество и на секаков вид на настан на отворен простор, како и за влез во затворениот дел од моловите потребно е да се приложи сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест КОВИД-19 или сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.

Угостителските објекти кои имаат повеќе од 30 гости, беа задолжени да ангажираат редарски служби. За угостителските објекти со помалку од 30 гости, сертификатот го проверува еден од вработените.

Мерките донесени на последната владина седница за заштита против Ковид-19

Целта на манифестацијата организирана од Општина Карпош е културно и забавно анимирање на граѓаните од Општина Карпош во текот на летниот период. Вкупната предвидена финансиска рамка за реализација на програмската активност, според јавниот повик изнесува 1.750.000,00 денари и истата е предвидена во Буџетот на Општина Карпош за 2021 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

Левица: Почнува изградбата на спорната 17-катница во непосредна близина на болницата „8 септември“

Катерина Ѓуровски

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

„Пуцко Петрол ќе гради згради високи 108 метри, Општина Карпош намерно ја залажува јавноста со видеа“, обвинуваат граѓанските организации

Орце Костов

(ВИДЕО) Кули од 35 и 25 ката на земјиште на Алумина што го купи „Пуцко Петрол“

Орце Костов