ВИДЕО: Гужва и турканици пред Ковид-центарот во „8-ми Септември“

Од:

Луѓе со висока температура, пневмонија, омалаксани и со отежнато дишење чекаат пред Ковид центарот во „8 Септември“ и велат дека не им ги отвораат вратите додека сестрите и докторите не ги испијат кафињата.

„Ова е во Ковид центарот во „8ми Септември“, на Клиника пак да те примат е научна фантастика. Со упат чекав два дена по 3 часа за да ми дадат проклет упат за рентген и не дочекав, измрзнав и нормално морав да го правам приватно. Ова е само дел од хоророт на македонското справување со пандемија, ептен ми е лошо за да пишувам уште, инаку штом се опоравам ќе напишам се низ што како семејство проаѓаме и колку не чини вирусот“, вели Ана Јанкулоска која утрово чекала ред за да земе упат за рентген пред Ковид-центарот.

„На истово место чекаат и луѓе со други инфективни болести. Тука чекаат и за вакцини, тетанус и слично“, вели оваа скопјанка која ја сними ситуацијата пред ковид-центарот.

Би можело да ве интересира

Пациенти кои одат на дијализа во ГОБ „8. Септември“ реагираат дека се оставени без превоз

А1он

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on