(ВИДЕО) Груевски: Се врши политички прогон против мене, од 8 дена, 6 сум на суд

Од:

Експремиерот и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, за денешното судско рочиште за случајот „ТНТ“, во кој е обвинет за уривањето на „Космос“, поради политичка одмазда, изјави дека пречесто е во суд. „Од 8 дена, 6 сум на суд“, изјави Груевски. Тој тврди дека судиите намерно ги забрзуваат рочиштата за предметите кои ги застапува специјалното јавно обвинителство, за сметка, на како што рече, редовните предмети.

„Се врши политички прогон против мене“, рече Груевски и повтори уште еднаш дека за случајот „Поткуп“, во кој обвинет е премиерот Зоран Заев, судења се закажуваат многу ретко, односно, еднаш или двапати месечно и траат многу кратко. „Судот е под политички притисок“, рече Груевски. „Наместо да гледаат што се случува во државата, треба да се занимаваат што кажал Миле, Петко, Јанко“, изјави Груевски.

В.М.

Би можело да ве интересира

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

СДСМ: Сиљановска е во улога за спас на Никола Груевски и Христијан Мицкоски?

Горан Наумовски

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски