(ВИДЕО) Груевски: Се водат политички процеси за да се зборува за тоа, а не за менувањето на името

Од:

Против мене се води политички процес, во кој што судиите треба да одработат. Секој ден сум во судница, бидејќи Заев и Димитров го решаваат името и им треба народот да зборува за Груевски и случаите, рече експремиерот Никола Груевски по денешното судење за предметот „Тенк“.

– Им треба помалку да се зборува за националното предавство на кое што се посветени, рече Груевски и додаде дека целите дебати со продавањето на „мерцедесот“ и неговата цена биле дел од пропагандата за одвлекување на вниманието од смената на името и идентитетот на Македонија и македонскиот народ.

– Наместо да се зборува за суштински прашање, се обидуваат да се зборува за тоа кој кров протекол, колку чини „мерцедесот“, рече Груевски и не одговори дали тој би го купил „мерцедесот“ за таа ниска цена која што се споменува.

Груевски истакна дека се ова што се случува е политички процес со крајна цел да се падне ВМРО-ДПМНЕ од власт за да се смени името и идентитетот.

Би можело да ве интересира

Вреди: Функционери на ДУИ се обидоа по секоја цена да го вратат Никола Груевски на власт и да го ослободат Сашо Мијалков

Државата конфискуваше 11.600 евра од осудениот раководител за урбанизам во Маврово и Ростуше

Апелацискиот суд на САД ги запре масовните отпуштања од федералните агенции

Судот ги поништува царините на Трамп и ги прогласува за нелегални

Одреден притвор за полициските службеници поврзани со пожарот во диското во Кочани

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Дел од функционерите на поранешната владина коалиција во Будимпешта се среќавале со Груевски