(ВИДЕО) Груевски: Прифативме мало поместување на изборниот ден, СДСМ нека глуми до 5 јуни

Од:

По долги и детални анализи ИК на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука и прифати мало поместување на изборниот ден од 24 април на 5 јуни, со цел, не да го задоволиме СДСМ, туку да не оставиме простор да бидеме погрешно разбрани од нашите граѓани и злоупотребени од оние кои и не и сакаат добро на Македонија. Претставниците на ЕУ и САД не убедија во четири работи:

Прво, ова е единствено пролонгирање и нема да има ново барање за нов датум за избори.

Второ, до изборите на 5 јуни нема да има преговори за организирањето на изборите, зошто веруваат дека ДИК има доволно време да ја заврши работатата.

Трето, нема да има поставување на никакви нови услови за изборите на 5 јуни вкклучувајќи го и тој за законот за медиуми.

И четврто, ,ема да има нови проценки дали земјата е подготвена за нови избори од страна на ЕУ и САД.

Додатно на ова добивме уверување од претседателот на ДУИ, Али Ахмети дека стојат цврсто на одлуката за избори на 5 јуни, со или без СДСМ.

Со ова поместување им даваме последна шаса на СДСМ да излезат на изборите и да му погледнат во очи на народот, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на прес-конференција по изгласувањето на одлуката за одложување на распуштање на Собранието и за датумот за избори на 24 април.

-На оние кои сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ направи премногу компромиси, сакам да им порачам дека тоа се должи на нашата верба во нашиот народ, во државата и силата која народот ни ја дава. Дневните силења кој бил послаб, а кој појак ќе завршат на 5 јуни, рече Груевски.

-Заев вечерва на прес-конференција кажа дека ништо повеќе не зависи од Никола Груевски, и затоа според него се создадени услови за 5 јуни. Заев, ајде собери храброст, рече Груевски.

– Ја слушнав и реториката на СДСМ во парламентот кажувајќи дека ова е нов пораз на Груевски, до 5 јуни можете да глумите, но на 5 јуни ќе видите кој е победникот, а кој поразениот, а сегашната вештачка насмевка ќе ја загубите. Колку и да беше политичка проценката на САД и ЕУ за изборите на 24 април, СДСМ очекуваше поинаква одлука од оваа што вечерва ја донесовме. Излегле или не на избори, ќе видат што е референдумско гласање за ВМРО-ДПМНЕ, рече Груевски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски