(ВИДЕО) Груевски: Одлуката на Иванов е во корист на СДСМ

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на денешната прес конференција истакна дека неговата партија силно да се оградува од одлуката на претседателот Ѓорге Иванов и покрај тоашто веруваат дека има добра намера.

– Одлуката помага на СДСМ и е спротивна на наште заложби. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека тој кој направил криминал треба да одговара. Никој во нашата партија не се чувствува виновен, вели Груевски.

Тој додава дека Заев и Верушевски треба да одговараат бидејќи за нивните дела има цврсти докази, а народот знае кому да му верува.

– Интересот на СДСМ е во земјата да има анархија, а наш интерес е земјата да оди напред и демократијата да функционира, одлуките на фер и демократски избори да ги носат граѓаните, вели Груесвки на пресот.

Би можело да ве интересира

СДСМ: По Груевски, слободен е и Латас – јасен доказ дека Мицкоски управува со Обвинителството

СДСМ: Ослободувањето на Груевски е уште еден доказ за контролираното правосудство

(ВИДЕО) Кузеска: Нова лага на Мицкоски, знаел за државјанството на Груевски – затоа документите не се праќаат

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош