ВИДЕО: Груби го грабна цревото од комуналните работници да ја чисти чаршијата, се снимаше и им го врати

Од:

Вицепремиерот и министер во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, синоќа, прво правеше увид како се чисти чаршијата од работниците на „Комунална хигиена“, за потоа и тој да се фати за цревото, за да им помогне. Сето ова се случуваше на еден час пред полноќ, а за да го овековечи моментот, Груби си правеше и пренос во живо на социјалните мрежи.

Додека Груби прскаше околу џамијата во чаршија, го следеа неколку фотографи и цел ПР тим. Работниците на „Комунална хигиена, му го влечеа цревото зад него, бидејќи беше тешко за вицепремиерот и министер. По минута и половина, Груби им го врати цревото на комуналните работници, а ПР тимот го исклучи преносот во живо.

Инаку, „Комунална хигиена“ во пресрет на празникот Рамазан бајрам, врши миење односно чиестење на површините околу поголемите верски објекти во делови на Скопје, како што се Старата чаршија, Чаир, Сарај.

Би можело да ве интересира

Сведок на судењето за „Државна лотарија“: Како членови на УО требаше да се изјасниме за набавката на ВЛТ терминалите, за постапката дознав по нејзиното завршување

Одбраната на обвинетите во „Лотарија“ тврди набавката на ВЛТ-апаратите е потврдена со финансиските планови и планот за јавни набавки

Сведок на судењето за „Лотарија“: Управниот одбор не донел конкретна одлука за набавка на ВЛТ-терминалите

Одложено испитувањето на сведоците во случајот „Лотарија“, за доказите одбраната ќе се произнесе на 30 октомври

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Огномет, факели и еуфорија за Артан Груби кој излезе од домашен притвор

Левица: Груби излегува од куќен притвор – дилот меѓу ДПМНЕ и ДУИ за „Бехтел и Енка” си тече!