(ВИДЕО) Грозданова: Опфатот на имунизација го зголемивме на 99,5 отсто, се врати довербата на родителите во здравствените политики

Од:

За 6 месеци сузбивме епидемија, опфатот на имунизација го подигнавме на 99,5 отсто, беше заклучено на денешната трибина Агенда 20-24 во Куманово. Проф. д-р Александра Грозданова на Фармацевтски факултет на УКИМ , истакна дека во 2013 – 2014 бил забележан тренд на паѓање на опфатот на имунизација, а како што рече, Република Северна Македонија секогаш имала висок опфат на имунизација претходно.

„Ние детектиравме генерална недоверба на родителите во здравствените политики. Кога ќе ги прашавме зошто не ги вакцинирате вашите деца, тие ни одговараа, „па знаете не знаеме каков е квалитетот на вакцините, како се носат, како се увезени“, рече Грозданова.

Таа истакна дека токму во тој дел Министерството за здравство направило сериозен чекор кон градење на довербата кај граѓаните, преку транспаретна постапка и во набавката на вакцините кога родителите беа информирани од каде се набавуваат и дека се квалитетни.

Грозданова додаде дека се воведоа и две нови вакцини, против рота вирусот и пневмококната вакцина кои влегуваат во редовниот календар до 1 година.

„Донесовме вакцини со европски квалитет и работевме сериозно на едукација бидејќи утврдивме дека навистина недостига“, истакна Грозданова.

Таа тврди дека приоритет е градење на довербата во процесот имунизација на што посветено се работи преку пунктови кои редовно се отворени за одговори на сите прашања и дилеми кај родителите.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема пари, 51 милион евра не се префрлени во вториот столб

(ВИДЕО) Кузеска: Една недела нема одговор од Савески за Алта банка и кривичната – им купува време на Мицкоски и Славески?

А1он

СДСМ: Мицкоски и Кочоска најавуваат задолжување од 2 милијарди евра во 2027 година

А1он

(ВИДЕО) Тренчевска: Насилникот од Охрид не е сам – проширување на истрагата и казни за сите што му помагале да се заташка

СДСМ: Тепачот на Сара, насилникот од Охрид бил пуштен на слобода поради врски со ВМРО – ДПМНЕ

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он