(ВИДЕО) Граѓаните за вакцината: Подобро да ја примиме отколку да живееме во страв и неизвесност од вирусот

Од:

Додека секаде во светот, па и кај нас се води полемика дали да се прими вакцината против коронавирусот, поголемиот број скопјани ,на ставот дека вакцината би донела поголем бенефит, отколку штета врз нивното здравје. Граѓаните во анкетата на „А1он“, особено повозрасните велат дека ќе се вакцинираат , но напоменуваат дека вакцините треба да бидат проверени и безбедни. Поголемиот број скопјани ги теши фактот што вакцините првин ќе ги примаат граѓаните во соседните држави во регионот и ќе има време да ги видат ефектите од неа.

“Сега за сега не можам ништо да кажам. Но, имаме време да видиме како ќе ја поднесат жителите на соседните земји, затоа што ќе пристигне прво кај нив, ќе видиме какви реакции ќе има. Ако се биде во ред, тогаш би ја примил“.

„Кога целиот свет ќе ја прима вакцината, зошто ние да не ја примаме. Ќе се вакцинирам“.

“Подобро да ја примиме отколку да живееме во неизвесност и да не знаеме што ќе се случи со нас. “

„Не верувам во конспиративни и теории на заговор , мислам дека се ќе биде во ред и би се вакцинирал“ , изјавија дел од граѓаните кои се изјаснија дека ќе се вакцинираат.

Од друга страна, има луѓе кои се уште не се одлучиле дали ќе се вакцинираат, како што велат поради недоволно информации околу безбедноста на вакцината и нус појавите кои ги носи таа, а дел се категорични дека немаат доверба во вакцините и се строго против вакцинација. Велат дека нема да се вакцинираат и под ризик да се заразат од коронавирусот.

„Се шират различни информации околу вакцината, се уште не сум истражила до крај и не можам да бидам сигурна дали се точни или не. Затоа и се уште не сум сигурна дали ќе ја примам. “

“Не би ја примила, немаше доволно време да се истражи и едноставно не верувам во нејзината ефикасност. Од вирусот ќе продолжам да се штитам како и досега , маска , дистанца и дезинфекција“, изјавија овие скопјани пред камерата на „А1он“.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски