(ВИДЕО) Граѓаните бараат одговорност од системот, а не од лекарите: Ковачевски смета дека го политизираат случајот:

Од:

„Инволвираните, ако сакаат да бидат членови на свети СДСМ, свето ВМРО-ДПМНЕ и на света ДУИ, тој што се огрешил, има да одговара“, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски за случајот со Клиниката за Онкологија и повтори дека пардон нема да има за никого затоа што криминалот кој ги имало 20 години, а бил откриен во негово време, е мултипартиски и мултиетнички.

– Утрово министерот Спасовски во детали ја објасни постапката за Онкологија. После 20 години од се што се наслушавме во здравството, за првпат ОЈО и министерство за здравство влегоа и направија акција за собирање на докази од Онкологија. Ова е грозен случај во кој МВР има посебен тим за прибирање на обемен доказен материјал. Нема да има пардон за никого без разлика да ли припаѓа на било која политичка партија. Овде се работи за мултипартиски и мултиетнички криминал – рече премиерот.

За Ковачевски правото на протест е загарантирано и го разбира бесот на граѓаните кои вечерва ќе се соберат пред Владата. Но, втор ден по ред повтори случајот да не се политизира и да не се обвинува цела лекарска фела.

Ова го повторува и неговата партија СДСМ и некои експерти блиски до власта дека треба да се остават институциите да работат затоа што државата конечно се охрабрила да расчисти со криминалот на клиниката иако за него одредени медиуми пишуваа неколку години нананазад.

Граѓаните, активистите и здруженијата кои повикаа на протести, ниту еднаш не ја обвинија целата лекарска фела, ниту пак некој од партиските функционери, туку гневот е насочен кон нереагирањето на институциите на системот кој замижал пред ваков грозоморен криминал.

– Протестот ќе дојде како притисок институциите да се освестат и да забрзаат со постапката. Но, да повторам, случајот да не се политизра бидејќи се работи за истражни дејствија кои ќе се спроведат професионално и да има брза истрага која ќе идентификува поединци кои се огрешиле пред законот. Повикувам да не се обвинува цела докторска фела и да се идентификуваа со нешто што го направиле поединци бидејќи нашето здравство има професионални доктори кои се грижат за нашето здравје – рече Ковачевски и додаде дека политизирањето на случајот ќе значи прикривање на некого и институциите да го завршат професионално она што е почнато.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Граѓаните одлучуваат дали одиме во ЕУ или се враќаме назад

Катерина Ѓуровски

Ковачевски од Струмица: Му благодарувам на ЗНАМ што ја разјасни дилемата и што застана јавно со ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ковачевски: Ако ВМРО ДПМНЕ и Силјановска се дограбат до власта, ќе стават рампа на патот на Македонија кон Брисел

Меѓународниот ден на трудот одбележан со првомајски протест и барања упатени до новата влада

А1он

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

Трендафилов: Сакаат да го конфискуваат Работничкиот дом за да го уништат синдикалното движење

А1он