ВИДЕО: Градски парк 2 ќе никне на местото на расчистената дива депонија во Карпош

Од:

Екипи на Градот Скопје и на Општина Карпош денеска почнаа голема акција за расчистување на децениските депонии зад Спортскиот центар „Борис Трајковски“, на кејот на реката Вардар. Во активностите е вклучена механизацијата и работниците на ЈП „Водовод и канализација“, а расчистувањето на просторот се очекува да трае околу 10 денови. На акцијата за чистење присуствуваа градоначалникот Петре Шилегов и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев.

– Оваа дива депонија претставува повеќедецениски горлив проблем. Почнала да се формира со одлагање на урнатините по катастрофалниот земјотрес во Скопје уште во 1963 година. Повеќе генерации градски и општински градоначалници го игнорирале проблемот, а за жал некои од нив продолжиле да го одлагаат отпадот на оваа локација. Сега, заедно со Општина Карпош конечно најдовме решение за овој проблем и со тоа почнуваме со реализацијата на уште едно од нашите предизборни ветувања. Денеска го почнуваме чистењето на оваа депонија, после што ќе следува покривање на површината. На ова место ќе подигнеме парк на површина од над 90.000 квадратни метри (над девет хектари) кој ќе го наречеме Градски парк 2 – рече денеска градоначалникот Шилегов.

Тој додаде дека новиот парк ќе биде подигнат со донации од општествено одговорни компании при што трошоците на Град Скопје и на Општина Карпош за подигнување на овој парк би биле незначителни во однос на неговата реална вредност.

Овој парк е лоциран во делот од градот кој е уреден со регулацискиот план за градската четврт „З 04“ кој беше усвоен минатата година од Советот на Град Скопје. Согласно со потребите на граѓаните, со регулацискиот план предвидените 4,03 хектари површина за парковско и заштитно зеленило во оваа четврт, се зголемени на 11,51 хектар. Просторот за домување кој е предвиден во ГУП на Град Скопје за оваа градска четврт со вкупна површина од 10,97 хектари со овој регулациски план е намален на 3,13 хектари. Во планот се предвидени 3,36 хектари за инфраструктура, како и 6,34 хектари за секундарни улици. За прв пат е додадена и можност за основно училиште и градинка.

– Град Скопје продолжува да ги следи потребите на граѓаните, а особено внимание посветува на зголемување на зелените површини имајќи предвид дека на градот му недостига зеленило како важен фактор кој влијае на намалување на загадувањето на амбиентниот воздух – нагласи Шилегов.

Би можело да ве интересира

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Пожарот во Кисела Вода е ставен под контрола, повреден пожарникар

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во Кисела Вода, чад се гледа од повеќе делови на Скопје

Катерина Ѓуровски

Најмногу дожд наврна во скопско Црешево и Гази Баба

Ѓорѓиевски: Со навремена и координирана реакција спречивме поголеми последици од невремето во Скопје

Предраг Петровиќ

ВЛЕН: Пропадна обидот автопатот Скопје – Блаце да служи за приватни интереси