ВИДЕО: Градот се испразни, на Водно се прават журки

Од:

Со носењето на мерките од Владата за затворање на угостителските објекти во 18 часот, забавите и дружењето се премести на Водно. 40 возила со по неколку лица во нив, вечерта ја минуваат на паркингот пред жичарата, како и по патот кон Водно.

Присутните слушаат музика, а дружењето на некои од нив е пропратено и со пијалоци, како што тоа се правеше пред 20 години. Дел од нив велат дека ситуацијата со коронавирусот не ги плаши, како и дека внимаваат.

Министерот за здравство, Венко Филипче, во неколку наврати повторува дека мерките не се носат за луѓето да се групираат надвор и по кафеани, туку треба целосно да се почитува забраната, која настапи поради коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски

Жена пријави физички напад врз ќерката од поранешниот сопруг во Скопје

Одржан состанок за спречување на појава за слечиште на Водно, од Владата побарано да се интервенира на приватен имот

Ѓорѓиевски: Скопје останува Европска престолнина на културата за 2028 година