ВИДЕО: Градоначалникот Заев присуствуваше на манифестацијата „Од децата за децата“

Од:

Денеска на празникот Лазарова сабота, а во пресрет на Велигденските празници, по осми пат во Струмица се одржа хуманитарната акција „Од децата за децата“. Акцијата ја организираше Организацијата на жени од Струмица под покровителство на градоначалникот Зоран Заев. Ученици од осум основни училишта од општината и децата од сите клонови на градинката подготвија творби со велигденски обележја, кои беа изложени на продажни штандови.

Собраните средства од продажбата на творбите се наменети за децата со еден родител и деца без родители од општина Струмица, кои потекнуваат од социјално загрозени семејства.

Според организаторите целта е децата од најрана возраст да се научат на некои подзаборавени вредности, како што е поттикнување на хуманоста и другарството кај нив. Организаторите очекуваат дека ќе се соберат средства за подготвување на сто пакети со прехранбени производи и средства за лична хигиена.

Градоначалникот на Струмица, Зоран Заев, кој ги поздрави учесниците на оваа хумана акција истакна дека преку вакви манифестации се пушта една силна порака дека топлината на празниците,  пред која сме сите во исчекување, ќе ги поминеме поспокојно, знаејќи дека и тие деца кои немаат доволно сепак соодветно и достоинствено ќе ги поминат празниците.

-Уште во 2006 година кога оваа акција беше само предлог проект напишан на хартија, успеав да препознаам во него–нешто убаво, нешто корисно, нешто големо и затоа сум неизмерно среќен и горд што тоа „нешто“ еве веќе осум години по ред ги дава посакуваните резултати.

– Хуманитарната акција „Од децата за децата“ од година во година покажува континуиран растеж и ни дава до знаење дека убавите работи ја заслужиле традиционалноста и го заслужиле нашето внимание. Јас како градоначалник на општина Струмица сум покровител на многу манифестации, но најсреќен сум кога тоа мое покровителство е насочено за доброто на децата, истакна градоначалникот Зоран Заев.

akcija-od-deca-zadeca (3) akcija-od-deca-zadeca (2) akcija-od-deca-zadeca (1) akcija-od-deca-zadeca (4)

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајна несреќа во Струмица, повредени неколку лица

А1он

Струмичани ќе се возат во јапонски автобуси од 700.000 евра

Орце Костов

Најмногу дожд во Струмица

Во Струмица мерки за заштита од загадениот воздух

Мајка од Струмица e осомничена за запуштање и малтретирање на дете

Горан Наумовски

Трите деца од семејството на девојчето кое се лекува од тешки повреди во Клинички во Скопје ќе добијат старател

Катерина Ѓуровски