(ВИДЕО) Заев: Преку алтернативниот туризам убавините на Струмица поблиску до граѓаните

Од:

Општина Струмица интензивно ги спроведува инвестиционите активности од проектот „Развој на алтернативни форми на туризам”, финансиран од Европската Унија, преку ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Грција. Градоначалникот Зоран Заев, денеска промовираше  дел од проектот преку кој се утврдени, маркирани и класифицирани 20 пешачки патеки во вкупна должина од 112 километри.

-Ридско – планинските патеки кои ги утврдивме заеднички со планинарските клубови и љубителите на природата започнуваат од шест почетни точки и тоа Ловен Дом, Момин Бунар, Банско и Габрово, Вељуса, Брана Водоча и Попчево. Истите низ прекрасните природни содржини ќе водат до најзначајните културно – историски и природни богатства на Општина Струмица и тоа: Цареви Кули, Манастирот Св. Илија, Црквата Св. 15 Тивериополски Маченици, Црквата Св. Кирил и Методиј, Манастирите во Водоча и Вељуса, Римската терма во Банско, Габровските водопади и други природни реткости.

Девет од овие патеки можат да се користат за пешачење, џогирање и планински велосипедизам, а останатите 11 патеки може да се користат и за ATV возење и планински мотоциклизам.

turizam4strumca (2)

Најголем дел од патеките се од прва, втора и трета категорија односно се лесно совладливи, имаат цврста подлога, благи ридести делови и се достапни за најголемиот број на граѓани кои имаат минимално искуство во пешачење. До крајот на проектот ќе мапираме и неколку патеки од четврта и петта категорија, наменети само за професионални планинари кои се наоѓаат на планината Беласица, рече градоначалникот Заев на денешната прес конференција која се одржа пред Ловен дом, местото од каде почнуваат најголем број од патеките.

Zaev

Пред секоја патека, ќе биде поставена информативна табла која содржи мапа, општи информации за патеката, должина, надморска височина, потребно време за минување, и информација за класата односно тежината на патеката. По должината на сите патеки ќе биде поставена соодветна туристичка сигнализација составена од 6 информативни табли и 70 знаци и патокази со известувачка и насочувачка информација. Овие знаци ќе помогнат за полесна ориентација на потенцијалните туристи до културните, историските и природните места.

turizam4strumca (3)

За популаризација на алтернативниот туризам во фаза на изработка се веб портал, визуелна анимација на утврдените патеки и играно документарен филм за промоција на туризмот во општина Струмица.

Со реализацијата на овие активности, финансирани од Европската Унија, љубителите на природата, рекреативците и професионалните планинари ќе можат одблиску да ги запознаат убавините на Струмичкиот регион.

Би можело да ве интересира

Почина човек во изгорен стан во зграда во Струмица

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Мартин Костовски за кандидат за градоначалник е доказ дека Заев сеуште владее со СДС

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

АХВ лажела за водата во Струмица, Костадинов најави кривична пријава

Предраг Петровиќ

Невремето предизвика големи штети во струмичко

Во Струмица се урива незаконски поставената урбана опрема и на објекти подигнати на јавни површини

Горан Наумовски